Храна која предизвикува зголемено ниво на стрес во организмот

Веќе сите добро знаеме дека храната е особено важна за нашето здравје. Исто така, познати ни се ефектите на нездравата и процесирана храна и храната полна со хемикалии и конзерванси.

hrana_koja_predizvikuva_zgolemeno_nivo_na_stres_vo_organizmot_01.jpg

Доколку во последно време се чувствувате изморено и под стрес, можеби работата нема толку големо влијание колку храната која ја консумирате. Верувале или не, според истражување објавено во списанието Brain, Behavior and Immunity, храната која изобилува со заситени масти може да придонесе за намалување на способноста за справување со стресот.

Ова особено е изразено за време на тинејџерските години кога изборот на храна може да резултира во проблеми со стрес во подоцнежните години од животот. Истражувањето било изведено врз стаорци кои покажувале значително ниво на промени во областа на мозокот одговорна за реакција на стрес и страв што придонело тие да покажат знаци на посттрауматско стресно пореметување.

hrana_koja_predizvikuva_zgolemeno_nivo_na_stres_vo_organizmot_02.jpg

Исхраната кај тинејџерите и студентите често се состои од нездрави оброци како брза и пржена храна која може да резултира со оваа појава. Затоа овие години се од особено значење за развојот на соодветни одбранбени механизми за справување со стресни ситуации.

Но, иако заситените масти се доста штетни за вашиот организам, тоа не значи дека треба да ги исфрлите целосно од вашата исхрана. Постојат вид на специјални заситени масти кои се доста корисни за вашето здравје. За вашето тело правилно да функционира потребни му се различни видови на хранливи состојки, а тоа ги вклучува и мастите.

hrana_koja_predizvikuva_zgolemeno_nivo_na_stres_vo_organizmot_03.jpg

Омега 3 и омега 6 незаситените масти се оние кои му помагаат на нашиот организам да се бори со воспалителни процеси во организмот, помагаат во превенција на губење на меморија, депресија, деменција и во борба со стресот. Најдобар избор за омега 3 масни киселини може да го најдете во рибите особено во лососот и туната додека во растенијата го има во изобилство во лененото семе, чија, во оревите, грашок или спанаќ.

hrana_koja_predizvikuva_zgolemeno_nivo_na_stres_vo_organizmot_04.jpg

Сепак најдобриот совет е оној кој сите веќе добро го знаеме. Добро избалансирана исхрана која вклучува масти, јаглехидрати и протеини е најдобра за нашиот организам.

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...

Најчитани неделава