До мозокот е!

do-mozokot-e-povekjeНели се чудите кога гледате како некој “се убива” од јадење и пак останува слаб и згоден, а вие и вода да се напиете ќе качите кило?! Епа, немојте...

 

...да се чудите зошто е тоа така. Имено, една нова меѓународна студија открила зошто некои луѓе јадат мрсна храна и остануваат слаби, а други се дебелеат.

do-mozokot-e

Истражувањето кое е спроведено во Австралија на Универзитетот Монаш покажало дека мрсната храна ги одвојува мозочните центри од телото и спречува сигналите кои му даваат наредби на организмот да престане со внесување на храна и да започне со согорување на енергијата да стигнат до мозокот.

Директорот на истражувањето вели дека дошле до 2 заклучоци: 

“Како прво, откривме дека храната богата со мрснотии ги изолира мозочните центри и не им дозволува да ги препознаат сигналите кои кажуваат кога треба да се престане со јадење. Како второ, оваа изолација го спречува трошењето на енергијата.  Оваа врска е дел од природните процеси во мозокот и се ствара уште во првите денови од животот, така што луѓето стануваат склони кон дебелеење уште пред да го изедат првиот оброк.”

Ова значи дека на луѓето склони кон дебелеење не им фали волја, туку дека нивниот мозок не знае колку изеле и затоа не му праќа сигнали на телото да престане со јадење. Затоа, и нивната способност за слабеење значително се смалува.

Тимот кој работел на ова истражување, 4 месеци го набљудувале однесувањето на група глувци и стаорци и заклучиле дека оние кои ја немаат оваа врска во мозокот се 5 пати подебели од оние кои ја имаат.

Би можело да ве интересира:

Како се пренесува, колку е опасен – Што треба да знаете за хантавирусот? Според сегашната процена на Светската здравствена организација, ризикот од епиде...
Знаци дека можеби имате анксиозно нарушување (дури и ако не ви изгледа така) Сте доживеале голема животна промена со која тешко се справувате или, пак, забел...
Десет знаци дека можеби имате недијагностициран проблем со срцето Отечените глуждови можат да бидат знак за проблеми со циркулацијата, додека болк...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Што ќе се случи ако секој ден јадете (варени) јајца? Јајцата се богати со протеини и корисни хранливи материи и ако немате проблеми с...
Шест физички симптоми на деменција (кои лесно се игнорираат) Промените во спиењето, како будење среде ноќ и месечарење, може да се знак за де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg