Какви тајни за вас крие вашата крвна група?

Проверката на крвната група не ни треба само да знаеме на кого можеме да даруваме или од кого да примиме крв, туку преку неа може да се дознае и кон кои болести сте склони, а од кои сте генерално заштитени.

Kakvi-tajni-za-vas-krie-vashata-krvna-grupa-01.jpg

Како што веќе ни е познато од часовите по биологија, постојат молекули наречени А или Б антигени кои може да бидат присутни во крвта или воопшто да ги нема, како и протеинот наречен Rh-фактор. Па така, има осум крвни групи и тоа А+, А-, Б+, Б-, АБ+, АБ-, 0+ и 0-. Овие антигени различно влијаат во секој организам, но има одредени болести кои се заеднички за една крвна група.

Прочитајте нешто повеќе за тоа од што треба да се штитите, во зависност од крвната група:

Срцеви заболувања: А, Б и АБ

Овие крвни групи имаат 25-30% повисок ризик за создавање тромбови за разлика од нултите групи, како и 15% повисок ризик од смртност како последица на срцеви заболувања.

Проблеми со коагулација: 0

Како што веќе споменавме, нултите групи имаат понизок ризик за создавање тромбови, но имаат проблем со коагулација во случај на поголема повреда, кога крвта треба да создаде засирен тромб на површината, за да се спречи крварење и да се обезбеди зараснување на раната.

Проблеми со плодноста: 0

Според повеќе анализи, женските носители на крвни групи 0+ или 0- имаат природно пониско ниво на фоликулостимулирачки хормон (FHS), односно помали резерви на несозреани јајцеклетки.

Kakvi-tajni-za-vas-krie-vashata-krvna-grupa-02.jpg

Зголемен ризик за гастритичен карцином: А, Б и АБ

Носителите на ненулти крвни групи имаат почувствителен дигестивен систем. На пример, при хеликобактер пилори, нултите групи полесно се справуваат со симптомите, додека кај другите може да дојде до воспаленија, а во најлошите случаи и чир или гастроинтестинален карцином.

Длабока венска тромбоза: А, Б и АБ

Ненултите крвни групи, како што веќе наведовме, се посклони кон тромбови, па така и кон длабока венска тромбоза, која може да се појави во нозете и рацете и во најлош случај, да се откачи и да предизвика срцев застој.

Слаба меморија: АБ

Иако се работи за најретката крвна група, без разлика на Rh-факторот, нејзините носители имаат 82% повисоки шанси за когнитивни проблеми, како што е губење на меморијата, целосно или парцијално, но и проблеми да се запаметат одредени факти.

Дијабетес: А и Б

Носителите на овие две крвни групи имаат високи шанси за дијабетес, особено оние со крвна група Б. Иако нема јасна причина зошто е тоа така, една од претпоставките е дека крвната група влијае врз GI-микробиомот, кој пак, дејствува врз метаболизирањето на глукоза во телото.

Kakvi-tajni-za-vas-krie-vashata-krvna-grupa-03.jpg

Веродостојна ли е исхраната по крвни групи?

Исхраната според крвните групи периодично е популарна, па потоа се губи потисната од другите режими, но во последно време повторно е актуелна. Според одредени понови студии, режимот предвиден за вашата крвна група најверојатно ќе ви помогне да изгубите некој килограм, но всушност нема некоја поврзаност со самата крвна група.

Го одредува ли крвната група карактерот?

Постои теорија дека некои делови од вашето однесување се предодредени од крвната група. Според една јапонска студија, постои разлика во успехот што ќе се постигне во одредено поле меѓу носителите на различни крвни групи, но нема ниту еден цврст доказ дека како било влијаат врз вашиот карактер или однесување.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Зошто имате зуење во ушите и дали е знак за нешто сериозно? Постојат разни причини за појава на тинитус, односно зуење во ушите – од многу г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg