Ви течат лиги за слатки, компирчиња, месо - што кажуваат вашите желби за храна за состојбата на вашето здравје?

Никогаш немојте да се самодијагностицирате на Google за состојбата на вашето здравје. 

Sto-kazuvaat-vasite-zelbi-za-hrana-za-vaseto-zdravje-01.jpg

Особено немојте да го правите ова доколку ви се јавува желба за поинаков вид на храна од вообичаената во различни периоди од годината. Тоа само непотребно ќе го зголеми вашиот стрес, а најчесто ваквите дијагнози се прилично неточни.

Сметајте го ова за еден вид на кратко упатство кое ќе ви појасни што значат најчестите желби за храна и ја појаснуваат вашата здравствена состојба:

Црвено месо

Дали редовно јадете хамбургери? Веројатно не се ужаснувате од глетката на лавови кои ја распрачуваат утробата на зебрата во документарните филмови, туку напротив - сосема ги разбирате? 

Иако ова не е дефинитивен знак, сепак најчесто желбата за црвено месо може да значи недостаток на железо во организмот. Ова најчесто се манифестира кај женитe коишто имаат обилна менструација.

Sto-kazuvaat-vasite-zelbi-za-hrana-za-vaseto-zdravje (1).jpg

Пржени компирчиња

Секогаш желбата за сол значи дека имате недостаток од минерали, особено калциум, магнезиум и цинк. 

Но, истовремено желбата за пржени компирчиња може едноставно да значи дека сте едни од мнозинството коишто консумираат премногу натриум, односно сол. Оваа навика прави вашите непца постојано да бараат повеќе и повеќе сол, а ова може да го решите со намалување на дневното внесување на сол со оброците.

Sto-kazuvaat-vasite-zelbi-za-hrana-za-vaseto-zdravje (2).jpg

Кашкавал

Дали го празните целото ќесиче пармезан врз тестенините? 

Дали често пати имате потреба од тост или пица со многу растечен кашкавал? Ова може да е индикатор дека не јадете доволно маснотии, односно не внесувате доволно омега 3 масни киселини. 

Најдобар извор на омега 3 се масните риби како што е лососот, лененото семе и оревите.

Sto-kazuvaat-vasite-zelbi-za-hrana-za-vaseto-zdravje (3).jpg

Слатки

За солта потенциравме дека колку повеќе ја јадете, толку повеќе ви ја бара непцето. Знајте дека истото важи и за шеќерот. 

Доколку премногу консумирате прости јаглехидрати како што се тестенините, лебот и белите печива, ќе забележите дека телото ќе ви бара повеќе благо. 

Простите јаглехидрати прават нагли качувања на шеќерот во крвта, што доведува до големо ослободување на инсулин, што пак следи со нагло губење на енергијата. Кога ова ќе се случи, вашето тело повторно бара шеќер за да ја врати енергијата.

Sto-kazuvaat-vasite-zelbi-za-hrana-za-vaseto-zdravje (4).jpg

Тестенини

Тестенините имаат слично дејство како шеќерот, бидејќи простите јаглехидрати телото ги третира исто како шеќерот штом ќе поминат низ дигестивниот систем. 

Кога внесувате премногу јаглехидрати, а недоволно протеини, шеќерот во крвта варира и телото ви бара уште јаглехидрати. Значи внесувајте повеќе протеини, зеленчуци и маснотии, за да ги избегнете овие варирања на шеќерот во крвта.

Sto-kazuvaat-vasite-zelbi-za-hrana-za-vaseto-zdravje (5).jpg

Похуван кромид

Покрај тоа што се поврзуваат со внесување на повеќе алкохол од нормалното, похуваниот кромид и останатите похувани работи најчесто се поврзуваат со веќе спомнатите јаглехидрати. 

Ова е бидејќи кромидот се похува со лебни трошки. Значи колку повеќе консумирате похован кромид, а тој повлекува и алкохол, толку повеќе внесувате прости јаглехидрати и шеќер од алкохолот, а потоа телото ви бара уште за да надомести за наглото спуштање на енергијата предизвикана од инсулинот којшто го лачи телото за да се справи со јаглехидратите.

Sto-kazuvaat-vasite-zelbi-za-hrana-za-vaseto-zdravje (6).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар - Што означува CRP во крвната... Нивото на CRP може да укаже дали имате инфекција во телото, а кај повозрасните л...
Кои се најчестите симптоми на алергија на храна и кога можат да бидат опасни по живот? Алергијата на храна кај повеќето луѓе предизвикува благи симптоми, како чувство ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg