8 здравствени проблеми со слични симптоми како ендометриозата

Грижата за гинеколошкото здравје може да биде доста комплицирана и бара голема посветеност и од пациентот и од гинекологот.

8-zdravstveni-problemi-so-slichni-simptomi-kako-endometriozata-01.jpg

И покрај редовната грижа и гинеколошки прегледи, ендометриозата е еден од најчестите, но и најтешки за дијагностицирање при обични прегледи. Многу често симптомите се поклопуваат со други заболувања и дијагнозата може да биде погрешна.

Понекогаш се потребни неколку прегледи за да се дојде до точната дијагноза, па дури и ако тоа значи да се побара второ или трето мислење.

Постојат осум здравствени проблеми со кои може да биде измешана ендометриозата при прегледите:

1. Инфекција на мочниот меур

Ендометриозата има слични симптоми како уринарна инфекција. И двете состојби предизвикуваат болни мокрења и притисок врз мочниот меур. Доколку имате негативен наод за уринарна инфекција, а сепак симптомите продолжуваат, потребно е да се обратите кај вашиот гинеколог.

2. Воспаленија во карличниот дел

Во карлицата се сместени репродуктивните органи и секое воспаление таму има слични симптоми како и ендометриозата. Доколку чувствувате силна болка, а сè друго е исклучено, побарајте од вашиот гинеколог консултативен термин и поставете му го секое прашање кое ве загрижува.

8-zdravstveni-problemi-so-slichni-simptomi-kako-endometriozata-02.jpg

3. Иритиран гастроинтестинален тракт

Ендометриозата создава промени во целиот абдомен, па очекувано е да влијае и на состојбата на гастроинтестиналниот систем. Понекогаш може да почувствувате подуеност и тежина. Сменете ги навиките за хранење и доколку по краток период не чувствувате подобрување, време е за преглед кај гинекологот.

4. Скијатика

Скијатика е термин што опишува болка, слабост и трнење во нозете кое започнува од нискиот дел од грбот. Најчесто се појавува при дискусхернија. Ендометриозата се манифестира со растење и проширување на ендометриското ткиво дури и надвор од матката. Понекогаш ги обвиткува околните органи, а може да создаде и непријатен притисок врз одредени нерви, кои исто така влијаат нозете да ве болат или да чувствувате слабост.

8-zdravstveni-problemi-so-slichni-simptomi-kako-endometriozata-04.jpg

5. Фиброиди на матката

Миомите и сличните израстоци на грлото на матката може да бидат навистина непријатни, а понекогаш и болни. Најчесто нивните симптоми може да бидат слични на ендометриозата, па затоа е потребен детален гинеколошки преглед, за да може да се увиди која состојба се случува.

6. Синдром на полицистични јајници

Ова нарушување е поврзано со нарушениот баланс на хормоните во организмот. Полицистичните јајници и ендометриозата се манифестираат со болни менструации и грчеви во матката. Понекогаш симптомите на ендометриоза може да бидат слични како оние при овулација, вклучувајќи ги и промените во расположението.

8-zdravstveni-problemi-so-slichni-simptomi-kako-endometriozata-03.jpg

7. Цистит 

Циститот е хронично воспаление на мочниот меур што предизвикува постојани болки во карличниот дел. Слично како и ендометриозата, може да предизвика болни мокрења и болни сексуални односи. Некои пациенти ги имаат и двете заболувања, но неретко се случува едното да биде погрешно дијагностицирано со другото. Затоа, мора да се направат детални прегледи, за да може правилно да се лечи болеста.

8. Карлична мускулна дисфункција

Кога не е дијагностицирана, карличната мускулна дисфункција лесно може да биде погрешно интерпретирана како ендометриоза. Карлицата е состои од група од коски и мускули кои ги држат органите на нивното место. Кога е нарушена контракцијата на мускулите, се случуваат болни сексуални односи, непријатност при мокрење и грчење. Како и во претходните случаи, потребна е консултација со специјалисти од двете области, за да може да се лечи состојбата правилно.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...
Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg