Задолжително четиво за оние кои гледаат во мобилните телефони пред спиење

Миете заби, облекувате пижами, го гаснете светлото, си легнувате и се покривате и го фаќате телефонот во раце. Познато ви е ова сценарио?

zadolzhitelno-chetivo-za-onie-koi-gledaat-vo-mobilnite-telefoni-pred-spienje-01.jpg

Освен што таканаречената сина светлина го лаже вашиот мозок дека е ден, а со тоа и го буди, во исто време го блокира и природното лачење на лептин и ви создава чувство на глад.

Поради ова, уште еднаш се потврдува дека сината светлина која потекнува од електронските уреди лошо влијае на здравјето и дека треба да спиете во мрак.

Кога очите ви се вперени во вештачка светлина, во темна соба, слабее и создавањето на мелатонин и се нарушува биолошкиот циклус.

Како последица на ова ќе се појават главоболки, несоница, заслабнат вид, намален имунитет, лошо памтење, но и се зголемува ризикот за кардиоваскуларни заболувања.

zadolzhitelno-chetivo-za-onie-koi-gledaat-vo-mobilnite-telefoni-pred-spienje-02.jpg

Затоа, воведете си строго правило кое ќе го почитувате - по гаснење светло, нема допирање на мобилниот телефон.

За да се ослободите од оваа навика потребно е мобилниот телефон да го оставате далеку од себе, па дури и во друга соба. Доколку ви е потребен будилник, набавете си часовник со аларм.

На овој начин ќе се спасите од лошата меморија и слабата концентрација, но и сигурно ќе го подобрите квалитетот на сонот и конечно ќе се будите поодморени наутро.

Најдобро од сè е што природното лачење на лептин ќе се одвива непречено и ќе бидете помалку гладни кога ќе се будите наутро.

На некој начин, со исклучување на мобилниот телефон пред спиење, вие всушност внимавате и на својата витка линија. 

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Знаци (и здравствени проблеми) дека е редно да купите нов душек Секое утро се будите вкочанети и не се ни сеќавате кога последен пат сте го смен...
6 навики со кои ќе ги регулирате хормоните (без лекови) Сончевата светлина ги активира хормоните кои имаат влијание врз расположението и...
Шест знаци дека ги триете забите додека спиете (дури и ако не сте свесни за тоа) Ако се будите со главоболка или вкочанета вилица, голема е веројатноста дека има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg