Сте ослабнале или сте анксиозни: Поради што се чувствувате како постојано да ви студи?

Доволно е да е барем малку облачно и вам веднаш да ви е ладно, до степен на тресење од студ? Можеби има посериозни причини зошто тоа се случува.

ste-oslabnale-ili-ste-anksiozni-poradi-shto-se-chuvstvuvate-kako-postojano-da-vi-studi-01.jpg

Иако температурата надвор не се разликува многу отколку кога беше потопло, сепак вам ви се чини дека тие два степена помалку ве измрзнуваат.

Една од причините е дека сте пречувствителни дури и на најмал пораст или пад на температурите, а друга може да биде и некоја здравствена причина.

Сепак, ако сте од оние зиморливите, можеби веќе ви е преку глава околу себе да имате оклоп од облека и џемпери. Но, сте се запрашале ли која е причината за тоа?

1. Едноставно, ладно ви е

Постои реална медицинска состојба опишана како нетолеранција на студ и сама по себе не е опасна за здравјето. Можете да ја имате отсекогаш или пак да се појави во даден момент од животот.

Доколку наеднаш почнало да ви студи или пак тоа се случува целиот ваш живот, а исклучена е секоја друга причина, тогаш, едноставно, такви сте и веројатно тоа нема да се смени целиот живот.

2. Страдате од хипотироидизам

Кога тироидната жлезда не лачи доволно хормони, се нарушува вашиот метаболизам, а со тоа и природната терморегулација на телото.

Покрај другите симптоми кои доаѓаат со нарушената работа на штитната жлезда, необјаснивото чувство на студ е доста често.

Кај вас терморегулацијата е прилично бавна и потребно е да си помогнете со топол џемпер и волнени чорапи, за да можете да се стабилизирате. Со правилна доза на терапијата, овој проблем постепено исчезнува.

ste-oslabnale-ili-ste-anksiozni-poradi-shto-se-chuvstvuvate-kako-postojano-da-vi-studi-02.jpg

3. Имате анемија

Анемијата е заболување на крвта кога немате доволно здрави црвени крвни зрнца за да можат да го пренесуваат кислородот низ целото ваше тело.

Анемија се појавува кога вашето тело не произведува доволно црвени крвни клетки или пак сте изгубиле поголема количина крв поради некоја причина.

Покрај слабоста, вртоглавицата, бледата кожа и главоболките, анемијата може да предизвика да ви биде ладно. Со правилен третман на која било форма на ова заболување, лесно може да се стабилизира состојбата.

4. Имате анксиозност или панични напади

Анксиозноста и паничните напади може да предизвикаат нагло да се препотите поради некоја причина, а додека да се смирите буквално да измрзнете од студ, иако температурата надвор не е ниска.

Често, поради физиолошките функции кои се случуваат во телото при анксиозност или панични напади, може да настане забрзано чукање на срцето и отежнато дишење, а со тоа да се наруши и терморегулацијата.

Поради тоа може да ви биде или премногу топло, но и премногу ладно.

ste-oslabnale-ili-ste-anksiozni-poradi-shto-se-chuvstvuvate-kako-postojano-da-vi-studi-03.jpg

5. Не спиете доволно

Ако подолго време немате квалитетен сон, вашето тело привремено губи некои физиолошки функции и когнитивни способности. Многу често, тоа е работата на метаболизмот и терморегулацијата.

Со оглед на тоа што температурата на телото паѓа кога спиете, ако не сте доволно наспани вашето тело влегува во „буден сон“, па му опаѓа температурата. Затоа, потрудете се да спиете секоја ноќ 7 до 9 часови.

6. Наеднаш сте изгубиле телесна тежина

Телото ги користи мастите за да ја одржува загреаноста и ако за краток период изгубите повеќе килограми, тоа ќе мора да научи како на поинаков начин да ја одржува температурата.

Додека тоа да се случи, може да биде потребно извесно време. Исто така, ако внесувате премалку калории, метаболизмот ќе се обидува на секој начин да го одржува телото во досега познатата состојба, па затоа се препорачува да правите постепени, но никако нагли промени во животниот стил.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg