Необични факти кои ќе ви помогнат да го подобрите здравјето на репродуктивниот систем

Постојат голем број начини како да го зачувате своето интимно здравје, покрај редовната посета на гинеколог и вршење на сите потребни прегледи.

neobichni-fakti-koi-kje-vi-pomognat-da-go-podobrite-zdravjeto-na-reproduktivniot-sistem-01.jpg

Со помош на следниве факти ќе научите многу повеќе за својот репродуктивен систем, вклучително и како да се однесувате пред ПАП-тест или при ПМС. Голем дел од овие факти ги потврдиле и гинеколозите.

Помалку стрес за побрзо зачнување

Приказните дека некој пар успеал да зачне откако решиле да се откажат или откако посвоиле дете се вистински. Многу гинеколози на паровите кои лечат неплодност им препорачуваат што помалку да се изложуваат на стрес, да медитираат или да применуваат каква и да е техника за релаксирање.

Физичката активност е спас при менопауза

Кога започнува менопаузата, жените имаат нагли топли бранови, кои настануваат поради падот на естрогенот, па природната терморегулација е нарушена. Спасот е во физичката активност и тоа по 20-30 минути секој ден.

neobichni-fakti-koi-kje-vi-pomognat-da-go-podobrite-zdravjeto-na-reproduktivniot-sistem-02.jpg

Таблети против болка треба да се земаат навреме

Ако сте од оние кои имаат неподносливи болки за време на месечниот циклус, тогаш не се двоумете да земете таблетка дури и пред воопшто да почувствувате болка. Ќе се поштедите од многу нервози, а и воопшто не е корисно да трпите големи болки.

Калциум против отоци на телото

Калциумот помага во процесот на исфрлање на вишокот течности од организмот, а во исто време може да помогне и при менструални симптоми, како што се грчевите во матката или чувствителноста на градите.

peenje-dovolno-vitamin-d-i-ushte-nekolku-nachini-za-podobruvanje-na-kapacitetot-na-belite-drobovi-07.jpg

Со сончање против ПМС

Сигурно веќе сте забележале дека во лето, кога сте на плажа, симптомите на следниот ПМС се многу позанемарливи од претходниот пат. Секојдневното изложување на сонце ќе ви помогне да ги намалите нервозата и напнатоста кои доаѓаат при ПМС.

Статистички, најголем број успешни ин-витра се направени за викенди

Трансферот на ембрионот во матката е најважниот дел од вештачкото оплодување. Според податоците од клиниките за плодност и вонтелесно оплодување низ целиот свет, најголем број успешни процедури се направени за викенд. Се претпоставува дека оваа појава се должи на тоа што преку викенди во болниците има помалку пациенти, но и поради тоа што пациентката е порелаксирана бидејќи нема други обврски.

neobichni-fakti-koi-kje-vi-pomognat-da-go-podobrite-zdravjeto-na-reproduktivniot-sistem-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Зошто се штетни високите триглицериди (и како да ги намалите)? За да избегнете проблеми со срцето поради високи триглицериди, треба да ги слуша...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Зоран Костов, психолог: „Што е феноменот 'ефект на набљудувач' и зошто луѓето се неми сведоци на неч... „Ова е ситуација кога многу луѓе се сведоци на нечија мака или опасност, но нико...
6 мали животни промени кои ќе ви помогнат да го контролирате дијабетесот Внимавајте на исхраната и одете на лекар барем двапати годишно за да проверите к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg