Деменцијата и неочекуваните промени кои ги прави кај луѓето

Деменцијата е цел спектар на нарушувања и заболувања кои се поврзани со губењето на меморијата, особено кај повозрасните лица, во поодминати години.

demencijata-i-neochekuvanite-promeni-koi-gi-pravi-kaj-lugjeto-01.jpg

Таа настанува кога нервните клетки во мозокот престануваат да функционираат како што треба. Тоа резултира со губење на памтењето, целосно или делумно, како и попречување на одредени когнитивни функции.

Но, покрај губењето на меморијата, постојат и други симптоми кои се карактеристични за мнозинството луѓе кои страдаат од деменција. Некои од овие симптоми и фактори навистина ќе ве изненадат што се нашле на оваа листа.

Губење на слухот

Кај лицата кои делумно или целосно го изгубиле слухот, постојат зголемени ризици за други заболувања, како што се депресијата, физички попречености и деменција.

Тоа настанува најчесто поради дополнителниот напор што мозокот треба да го вложи за да компензира за изгубениот слух, како и заслабнувањето на самите центри во кои се процесира звукот. Доколку се интервенира со апаратче за слушање, ризикот значајно се намалува.

demencijata-i-neochekuvanite-promeni-koi-gi-pravi-kaj-lugjeto-02.jpg

Херпес

Постои врска помеѓу вирусот херпес симплекс 1 и Алцхајмеровата болест.

Оние кои го имаат вирусот, се изложени на 2,5 пати поголем ризик за Алцхајмерова болест, која исто така спаѓа во спектарот на деменцијата.

Врската постои во ген на вирусот кој е поврзан со Алцхајмерот.

Поспаност во текот на денот

Алцхајмеровата болест е исто така поврзана и со нарушеното спиење.

Најчесто застапена како ризик фактор, поспаноста е присутна кај луѓето кои се поспани цел ден, но во текот на ноќта се соочуваат со несоници или неправилен ритам на дишење.

demencijata-i-neochekuvanite-promeni-koi-gi-pravi-kaj-lugjeto-03.jpg

Консумирање преголеми количини шеќер

Луѓето кои имаат повисоки нивоа на шеќер во крвта се соочуваат и со побрзо „трошење“ на мозокот.

И при дијабетес и при деменција, телото, а особено клетките во мозокот, не ја користат глукозата како што би требало, а со тоа и се намалува правилното функционирање на мозокот.

Загадување на воздухот

Се чини дека загадувањето на воздухот е поврзано речиси со секоја болест со која се соочуваме во денешното модерно време.

Дури и најмала концентрација на ПМ10 и ПМ2,5 честички, која ги надминува дозволените граници, предизвикува да внесувате чист отров во своето тело.

Тој отров понатаму влијае врз целиот ваш организам, секако и врз мозокот.

demencijata-i-neochekuvanite-promeni-koi-gi-pravi-kaj-lugjeto-04.jpg

Сетилото за мирис

Доколку лицето не може да регистрира потекло на едноставен мирис (јагода, лимон, ментол...) тогаш се наоѓа во ризичната група за деменција, најчесто Алцхајмерова болест.

Исто така, откако ќе настапи некое заболување од спектарот на деменцијата, иако личноста до претходниот ден успевала да детектира мириси, може да настане потешкотија во тој процес.

Осаменост

Осамените луѓе имаат дури 40% повисок ризик за заболување од деменција.

Причини за тоа може да бидат намалената комуникација, а со тоа и намалена активност на центарот за говор, како и чувствата кои го „напаѓаат“ телото.

Овие луѓе, статистички, се поизложени и на лоши животни навики, кои дополнително наштетуваат на нервниот систем.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да реагирате доколку наидете на лице со деменција кое е изгубено? Не ја оставајте личноста сама и кога разговарате со неа, зборувајте јасно и со к...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg