Неочекувани заболувања и зарази кои се почести во текот на ладните месеци

Освен што во текот на ладните месеци луѓето почесто настинуваат или добиваат некое вирусно заболување, постојат уште неколку болести кои се почести во истиот период.

neochekuvani-zaboluvanja-i-zarazi-koi-se-pochesti-vo-tekot-na-ladnite-meseci-01.jpg

Во доцната есен и во текот на зимата се поизразени симптомите на хроничните заболувања, а телото не синтетизира доволно витамин Д, за да го засили имунитетот.

Најдобро што можете да го направите во овој период е да намалите контакти со оние кои се постојано настинати, но и да избегнувате собири на многу луѓе во тесни и загушливи простории.

Во меѓувреме, внимавајте на следниве заболувања:

Габични инфекции

Габичните инфекции, меѓу кои најчеста е кандидата, може да се појави кај жените во вагината и на препоните, но може да биде присутна и на меките делови од телото и во усната шуплина.

Кога е ладно се облекуваме потопло и неретко носиме облека од синтетички материјали. Појавата на кандида исто така е поврзана и со прекумерната употреба на антибиотици и со падот на имунитетот.

Носете полабава облека, избегнувајте синтетички гаќички и најлонски хулахопки. Внимавајте на имунитетот и побарајте лекарска помош доколку се сомневате дека имате кандида.

Кардиоваскуларни проблеми

Кога надвор е ладно, телото мора позабрзано да работи, за да ја одржи нормалната температура, но тоа дополнително го оптоварува кардиоваскуларниот систем. Поради тоа, преку зима се почести срцевите и мозочните удари.

Носете соодветна облека на временските услови и не ги занемарувајте дури ниту најситните симптоми и промени во здравствената состојба.

neochekuvani-zaboluvanja-i-zarazi-koi-se-pochesti-vo-tekot-na-ladnite-meseci-02.jpg

Проблеми со циркулација

Поради стеснувањето на крвните садови, може да се случи врвовите на прстите да ви посинат. Ако и во текот на годината имате проблеми со студени екстремитети, во зима морате да си помогнете со ракавици и подебели чорапи и да не се изложувате на преголем студ.

Гастроинтестинални проблеми

Во зима зачестуваат и стомачните вируси кои лесно се шират во јавните превозни средства и во канцелариите со слаба вентилација. Исто така, можете да се заразите и при близок контакт со болно лице.

Од друга страна, во зимските месеци јадеме потешка и покалорична храна, што за оние со чувствителен дигестивен систем може да биде шок и да предизвика симптоми слични на труење.

neochekuvani-zaboluvanja-i-zarazi-koi-se-pochesti-vo-tekot-na-ladnite-meseci-03.jpg

Pseudomonas Aeruginosa

Оваа зараза со име кое тешко се изговара, всушност и не е многу ретка. Може да се „скрие“ во туш-кабина, во топлите базени за спа-третмани, во бањите, па дури и да преживее на гумените обувки што ги користите за да не газите директно на плочките во бањата.

Се манифестира со инфекции на кожата, на очите, во ушите, внатре во носната празнина, па дури и на анусот.

Мигрена

Мигрената преку цела година ги измачува оние кои страдаат, но тоа е особено изразено кога е многу ладно, кога е многу топло, кога времето е променливо... всушност, секогаш.

Причина за тоа е температурната сензитивност на оние кои страдаат од мигрена, како и промените во воздушниот притисок. Една од причините може да биде и пократкиот ден, односно недоволната сончева светлина во текот на зимските денови.

neochekuvani-zaboluvanja-i-zarazi-koi-se-pochesti-vo-tekot-na-ladnite-meseci-04.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg