Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бозел - неопходно растение за периодот на настинки

Многупати именуван и како најлековита билка на светот, бозелот навистина е посебно растение. Неодамна се запрашав зошто детството не го помнам како период на настинки, инјекции и престои во болници, а во последно време и најмалиот сезонски грип сè потешко го лекувам. Веднаш се потсетив на освежителниот и сладок вкус на чајот и сокот од бозел како и џемот од бобинките кој го приготвуваше мојата баба, а јас низ смеа и игра, со задоволство ги консумирав, не знаејќи дека притоа таа секојдневно го заштитувала и зајакнувала мојот имунитет.

bozel-neophodno-rastenie-za-periodot-na-nastinki-001.jpg

Научниците заклучиле дека активната материја во бозелот може да го скрати времетраењето на грипот за 4 дена. Поради содржината на слуз која ја содржи, бозелот ја смирува сувата кашлица, па затоа често може да се сретне во комбинираните билни препарати, кои се користат ви вид на таблети, спрееви или сирупи против кашлица. Бројни се народните лекови создадени од ова благородно растение прилично важни за зимскиот период, а неговиот природно посебен, интересен и сладок вкус го прави толку лесен за консумирање.

Затоа, во овој период на настинки можеме да заклучиме дека бозелот е вкусот кој ќе ни го понуди токму она што ни треба...чувството на удобност и олеснување, многу слично како кога бевме мали и ја чувствувавме грижат на нашите баби за време на настинките. Септолете Тотал со вкус на лимон и бозел е секогаш со вас во борбата против настинки и грип, а наредниот пат кога ќе го сретнете во природата, не заборавајте да го наберете и да го искористите сиот негов потенцијал!

Би можело да ве интересира:

Исповед на скопјанка: „Влегов во менопауза и почнав да се менувам - зошто сакам да ‘излезам’ од сопс... „Топло-ладните флешови ги замени нешто уште пострашно - неконтролирано ноќно пот...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Како се пренесува птичјиот грип и колку е опасен за луѓето? Птичјиот грип е болест која е присутна кај птиците, но може да се пренесе и на л...
8 симптоми на инфаркт за кои жените треба да бидат свесни Постои разлика меѓу симптомите на инфаркт што ги чувствуваат мажите и жените. И,...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...
Што ќе се случи ако секоја вечер спиете помалку од 7 часа? Дебелеење, но и проблеми со кожата, како акни и црвенило – со што сè ќе се соочи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg