Болки во колено - кога можете да продолжите со вежбање, а кога мора да запрете?

Болките во колената се едни од најчестите кај спортистите и оние кои редовно трчаат. Многу често, болката иако постои, не создава пречки при вежбањето. Но, не секогаш е безбедно да вежбате кога имате болки.

bolki-vo-koleno-koga-mozhete-da-prodolzhite-so-vezhbanje-a-koga-mora-da-zaprete-01.jpg

Иако ви се чини дека вистинското време кога треба да одморите од физичко заморување на колената е кога болката е неподнослива, некогаш мора да го направите тоа доста порано.

Болката во колената доаѓа во многу облици. Може да биде затегнувачка, штрекнувачка, остра, тапа, па дури и да имате чувство дека нешто внатре ви се рони. Исто така, степенот на болка е и субјективна перцепција.

Многумина професионални маратонци и спортисти кои имаат висок праг на толеранција на болка ќе продолжат да трчаат, незнаејќи дека во исто време си предизвикуваат неповратна штета на колената.

bolki-vo-koleno-koga-mozhete-da-prodolzhite-so-vezhbanje-a-koga-mora-da-zaprete-02.jpg

Сепак, постојат некои ориентациони упатства според кои може да заклучите дали треба да паузирате од физички напор или да продолжите без проблем:

Постојат различни причини за болки

Болката во коленото може да се јави од преголем напор, но и од трошење на 'рскавичното ткиво или заглавување или кинење на лигаментот, заслабнување или кинење на тетивите.

Болката може да се рашири и нагоре, до задникот, па и нискиот 'рбет. Секогаш кога имате болка намалете ја физичката активност и следете ја состојбата.

bolki-vo-koleno-koga-mozhete-da-prodolzhite-so-vezhbanje-a-koga-mora-da-zaprete-03.jpg

Синдром на тркачко колено

Најмалку 25% од тркачите кои трчаат во некоја дисциплина имаат синдром натркачко колено. Истиот синдром е позастапен кај жените, бидејќи колковите и карлицата се поинаку градени.

Кај мажите се јавува како последица на асиметрија на карлицата. Резултира со крцкање на чашката и нејзино изместување, како и иритација околу коленото.

Исто така, може да се случи да заслабнат мускулите и лигаментите над коленото, кои одат до колкот и исто така да се појави иритација.

Задолжителна посета на лекар

Ако чувствувате болка, отрпнување или иритација во коленото, веднаш посетете специјалист за да спречите евентуална поголема штета.

Таму ќе проценат колкаво е оштетувањето и ќе ви дадат препораки за мирување или физикална терапија, кои морате да ги почитувате, доколку сакате да се вратите на спортувањето.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Видови болка што ги поврзуваме со возраста, но можат да бидат и знак за нешто посериозно Болката во долниот дел од грбот обично ја припишуваме на возраста, но и на често...
6 симптоми за проблеми со срцето кои не се поврзани со градите Вртоглавицата и ненадејната силна главоболка можат да бидат знак за проблем со с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg