Храна која треба сè повеќе да ја јадете како што „стареете“
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Храна која треба сè повеќе да ја јадете како што „стареете“

Како што станувате повозрасни, така се менуваат потребите на телото и треба да се воведат некои промени во секојдневието.

hrana-koja-treba-se-povekje-da-ja-jadete-kako-shto-stareete-01.jpg

Метаболизмот се менува, исто како и целокупното здравје, па мора да направите промени во исхраната, бидејќи не може да се храните цел живот како да имате 20.

На телото му се потребни одредени витамини, минерали и други хранливи состојки со кои вие мора да го обезбедите.

Како што поминуваат годините, независно што не сте стари или не се чувствувате така, мора исхраната да ви стане приоритет за да одржувате добро здравје во секоја фаза од животот.

Во продолжение, која храна треба да почнете сè повеќе да ја јадете со текот на годините:

Јајцата се богат извор на хранливи состојки и протеин

Потребно за: коски, мускули, функција на имунитет, енергија, здрава кожа и нокти

hrana-koja-treba-se-povekje-da-ja-jadete-kako-shto-stareete-02.jpg

Остригите се богат извор на цинк

Потребно за: имунолошкиот систем и одржувањето на добро ниво на хормони

hrana-koja-treba-se-povekje-da-ja-jadete-kako-shto-stareete-03.jpg

Цитрусното овошје е богато со витамин Ц и други хранливи состојки

Потребно за: крвните клетки и анти-воспалителни и анти-канцерогено влијание

hrana-koja-treba-se-povekje-da-ja-jadete-kako-shto-stareete-04.jpg

Ферментираните млечни производи се добар извор на калциум

Потребно за: коските, како и одржување на идеална pH вредност

hrana-koja-treba-se-povekje-da-ja-jadete-kako-shto-stareete-05.jpg

Кељ, брокула, карфиол, зелка и прокељ содржат сулфур

Потребно за: кожа, зглобови, детоксикација и многу други работи во телото

hrana-koja-treba-se-povekje-da-ja-jadete-kako-shto-stareete-007.jpg

Зачините како куркума, цимет и рузмарин имаат дополнителни здравствени бенефити

Потребно за: намалување на воспалителни процеси, контролирање на нивото на шеќер во крв

hrana-koja-treba-se-povekje-da-ja-jadete-kako-shto-stareete-06.jpg

Лососот, туната и сардините се богати со високо квалитетен протеин и омега 3 масни киселини

Потребно за: подобро ментално здравје, когнитивни способности и зајакнување на функцијата на мозокот

hrana-koja-treba-se-povekje-da-ja-jadete-kako-shto-stareete-07.jpg

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

11 трикови како да се храните здраво без постојано да броите калории Уредувањето на кујната и сервирањето на храната може да ви помогнат да се хранит...
Необични совети за слабеење кои навистина делуваат Не можете да ја контролирате вашата склоност кон храната, а ригорозните диети ви...
На што треба да внимавате ако нарачувате храна во време на корона? Досегашните истражувања покажаа дека корона вирусот не може да се пренесе преку ...

Најчитани неделава