Зошто е опасно да имате недостаток на витамин Д и како да ги препознаете знаците?

Недостатокот на витамин Д е посебно непожелен за бебињата, па затоа во зимскиот период, докторите често препишуваат дополнителни лекарства.

zoshto-e-opasno-da-imate-nedostatok-na-vitamin-d-i-kako-da-gi-prepoznaete-znacite-01.jpg

Но, покрај бебињата, и возрасните патат од недостаток на овој витамин, а последиците може да бидат лоши.

Овој витамин е важен бидејќи регулира многу процеси за телото, развој на коските, спречува репродукција на канцерогени клетки, помага за добра функција на тироидата, го регулира нивото на шеќер во крв, спречува воспалителни процеси и го подобрува имунитетот.  

Во лето, го добиваме витаминот Д преку сонцето, но нема доволно залиха за во зимските денови, па често доаѓа до проблем со неговиот недостаток.

Затоа е важно да знаете да забележите кога доаѓа до тоа и да ги спречите предвреме последиците.

Како да ги препознаете знаците за недостаток на витамин Д?

  • Патите од прекумерно потење, посебно на челото и главата
  • Постојано сте изморени
  • Болки во зглобовите
  • Грчење на зглобовите
  • Малите рани тешко зараснуваат
  • Претерано чувство на чешање и иритација

zoshto-e-opasno-da-imate-nedostatok-na-vitamin-d-i-kako-da-gi-prepoznaete-znacite-02.jpg

Зошто се случува ова?

Најголемата причина за недостатокот на витамин Д е заради недостатокот од природниот начин на апсорбирање за време на ладната сезона. Сонцето е послабо и потешко апсорбирате доволно витамин преку многуте слоеви облека.

Сепак, има и други фактори заради кои витаминот Д не може да се апсорбира:

  • Недоволно консумирање на производи кои го содржат витаминот
  • Прекумерна тежина
  • Проблеми со дигестивен систем или бубрези

zoshto-e-opasno-da-imate-nedostatok-na-vitamin-d-i-kako-da-gi-prepoznaete-znacite-03.jpg

Зошто е опасен недостатокот на витамин Д?

Со недостатокот на овој витамин:

  • Зголемува ризик од кардиоваскуларни заболувања
  • Калциумот не се задржува и постои ризик од повреди и од стандардни спортски активности
  • Проблем со вид
  • Ризик од автоимуни заболувања
  • Зголемен ризик за рак

Како да го надоместите недостатокот на витамин Д без лекови?

Секако, не треба да преземате ништо на своја рака, прво треба да направите тестови за да бидете сигурни дека се работи за недостаток на витамин Д и сè да правите во консултација со доктор, бидејќи не треба да претерате и со консумацијата.

Неколку совети како да го решите проблемот:

  • Обидете се почесто да излегувате на сонце барем 15 минути во денот, но не кога зраците се штетни
  • Витаминот Д се содржи во масните риби (лосос, туна), жолчки од јајце, млечни производи, житарици, свежи и природни печурки
  • Контролирајте го времетраењето на сонот – луѓето кои спијат помалку од 5 часа имаат недостаток на витамин Д
  • Консултирајте се со доктор за одредени лекарства кои веќе ги консумирате, во случај некој од нив да предизвикува намалување на нивото на витаминот
  • Внимавајте на прекумерната тежина

zoshto-e-opasno-da-imate-nedostatok-na-vitamin-d-i-kako-da-gi-prepoznaete-znacite-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дали треба да пиете суплементи со витамин Д во есен и зима? Во постудените месеци, кога денот е пократок, минуваме помалку време на отворено...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Ситуации во кои веднаш треба да побарате лекарска помош (дури и ако симптомите изгледаат безопасно) Ако почувствувате силна и ненадејна болка во тестисите, никако немојте да ја игн...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Зошто веројатно не внесувате доволно омега 3 масни киселини (и колку ви штети на здравјето)? Многу луѓе не јадат доволно храна со омега 3 масни киселини, како лосос или чиа ...
Промени на лицето кои се знак дека очајно ви треба повеќе сон Проблеми како егзема, појава на акни и, секако, темни кругови под очите – кои се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg