Храна која помага во прочистување на дебелото црево

Функцијата на дебелото црево е да ја впива влагата од сварената храна и да ја претвори во измет, кој подоцна ќе биде исфрлен надвор од вашето тело.

hrana-koja-pomaga-vo-prochistuvanje-na-debeloto-crevo-01.jpg

Иако неговата работа е прилично „валкана“, всушност многу е важно на дебелото црево да му се овозможи непречена работа, со цел целосно да го празните. Секако, најважно нешто за ова е исхраната.

Намирниците кои се корисни за целокупното здравје, влијаат и врз работата на дебелото црево.

Поради тоа, обидете се во својата исхрана што повеќе да имате:

Киноа и кафеав ориз

Фокусирајте се на житарици од цело зрно, кои се богати со растителни влакна, лесно поминуваат низ дигестивниот систем и го прочистуваат дебелото црево.

Грав и леќа

Луѓето кои во својата исхрана редовно имаат мешунки, особено грав и леќа, имаат и до 35% намалена шанса за заболување од рак на дебелото црево.

hrana-koja-pomaga-vo-prochistuvanje-na-debeloto-crevo-02.jpg

Чиа семе

Две полни лажици чиа семе дневно ги задоволуваат 40% од потребите на телото за растителни влакна. Тие помагаат во чистење на отпадот од храната, а особено холестеролот и нивно исфрлање од дигестивниот систем.

Карфиол, брокула, прокељ

И овие зеленчуци се богати со растителни влакна и помагаат храната лесно да поминува низ целиот дигестивен систем и да не се лепи премногу за ресичките на дебелото црево.

hrana-koja-pomaga-vo-prochistuvanje-na-debeloto-crevo-03.jpg

Ореви

Оревите содржат омега 3 масни киселини и затоа се клучни во прочистувањето на дебелото црево, но и општо во одржувањето на здрав дигестивен систем.

Што да избегнувате?

Сите процесирани меса, особено сланината и виршлите. Треба да внимавате и на внесот на алкохол, односно доколку можете, целосно да го исклучите од своето мени.

Суплементи

Нема ништо лошо во тоа да пиете пробиотици и да земате суплементи со растителни влакна, додека да се навикенте на новиот начин на исхрана.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg