Лекарски прегледи кои мора да ги направите ако подолго време не сте биле на лекар
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Кувар/ка 22-03-2019


Лекарски прегледи кои мора да ги направите ако подолго време не сте биле на лекар

Сè додека здравствената состојба видно не се влоши, многу луѓе воопшто не ни одат на лекар, а со тоа дозволуваат симптомите да се влошуваат.

lekarski-pregledi-koi-mora-da-gi-napravite-ako-podolgo-vreme-ne-ste-bile-na-lekar-01.jpg

Ако и вие сте од оние кои подолго време не биле на редовен лекарски преглед, време е на почетокот на оваа година да го направите тоа, почнувајќи од генерален преглед, па сè до проверка на конкретни параметри.

Затоа, сетете се на сите проблеми, болки и симптоми кои сте ги имале во последните една до две години и јавете се кај вашиот матичен лекар, за да ви закаже:

Генерален преглед

Вашиот матичен лекар ќе ви направи општ преглед и ќе ги внесе сите евентуални промени во здравствениот картон. Потоа, може да ве упати на лабораториски прегледи на крвта и урината.

Мерење на крвниот притисок

Крвниот притисок треба редовно да се контролира, особено ако во семејната историја имате случаи со висок или низок притисок. Оваа услуга можете да ја добиете и во некои аптеки.

lekarski-pregledi-koi-mora-da-gi-napravite-ako-podolgo-vreme-ne-ste-bile-na-lekar-02.jpg

Тест за сексуално преносливи зарази

Одредени зарази може да останат во вашиот организам подолг период и да не предизвикаат никакви симптоми. Но, ваша одговорност е еднаш годишно да го правите тој преглед, дури и ако со години имате само еден партнер.

Проверка на холестеролот

Нивото на холестеролот би требало да се проверува еднаш на пет години, доколку резултатите се добри и почесто, доколку има несакани промени. Почнете од својата 20-та година, особено доколку имате случаи со висок холестерол во семејството.

Проверка на оралното здравје

Еднаш до двапати годишно потребно е да вршите контрола на здравјето на вашите заби, но и усната шуплина во целост. По потреба, вашиот стоматолог ќе изврши чистење на забниот камен, ќе направи снимка на вилиците и ќе провери дали има други промени.

lekarski-pregledi-koi-mora-da-gi-napravite-ako-podolgo-vreme-ne-ste-bile-na-lekar-03.jpg

За жените, гинеколошки преглед

Вашиот гинеколог ќе ве упати колку често треба да доаѓате на прегледи, во зависност од тоа каква дијагноза сте имале последниот пат. Не го занемарувајте своето интимно здравје, бидејќи само со редовни прегледи ќе можете да ги детектирате сите абнормални промени во грлото на матката или во самата матка.

Тест за ХИВ

Исто како и за полово преносливите зарази, така важи и за ХИВ. Направете го тестот барем еднаш во животот, доколку сте сексуално активни. Врз основа на него, ќе знаете дали сте во ризичната или помалку ризичната група.

Проверка на менталното здравје

Менталните проблеми веќе не се табу тема и нема ништо срамно во тоа да разговарате со психолог или психотерапевт, па дури и со психијатар.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто сè уште е табу да се зборува за половото здравје? Иако сме веќе сериозно навлезени во 21-от век, во многу случаи е „срамота“ отвор...
Навики од кои треба да се откажете ако сакате да немате проблеми со гр... Голем дел од луѓето патат од проблеми со грбот и секојдневни болки. Иако за...
Навики коишто ги практикувате секојдневно, а ви го влошуваат здравјето Почнувајќи од станувањето од креветот, па сè до опуштањето после тежок ден, дено...