Парализа на сон, феномен кој со векови ги плаши луѓето

Невообичаени состојби на спиење и/или будење се симптоми на она што науката го нарекува парализа на сон. И покрај тоа што овие состојби се безопасни, овој феномен со векови ги плашел луѓето.

paraliza-na-son-fenomen-koj-so-vekovi-gi-plasi-lugeto-001.jpeg

Она што е особено интересно е дека ваквите искуства ги доживуваат луѓето на сите континенти, што значи дека не може да се толкува како културен фактор. Во најновите истражувања се собрани искуствата на луѓето од различните делови на светот, во обид да се објасни овој феномен.

Речиси сите искуства опишуваат состојба на привремена парализа. Приказните и сведоштвата на поединците за нивните искуства покажуваат дека се работи за еден ист биолошки феномен, кој поинаку се толкува во различни култури.

Paraliza na son fenomen koj so vekovi gi plasi lugeto 2

Од медицинска гледна точка, парализа на сон се јавува кога ќе се преклопат двата аспекти на РЕМ фазата – сон и парализа. Може да се манифестира кога лицето заспива, а многу почесто, пред да се разбуди. Парализа на сон е привремена неспособност да се движат екстремитетите (рацете, нозете), телото и главата, иако лицето е целосно свесно. Овој феномен најчесто се случува за време на РЕМ фазата, кога луѓето обично сонуваат.

Во текот на оваа фаза, мускулите се парализирани (најверојатно за луѓето да не се движат додека сонуваат). Доколку се разбудиме во тој момент, ќе бидеме свесни, но нема да можеме да се движиме.

Оваа состојба може да потрае до неколку минути и може да биде придружена со халуцинации. Некои фактори ја зголемуваат веројатноста за појава на парализа на сон како: стресни настани, анксиозност, нездраво спиење или спиење на грб.

Paraliza na son fenomen koj so vekovi gi plasi lugeto 1

Луѓето кои имале такви искуства велат дека за време на парализата почувствувале (или виделе) суптилното присуство на нешто во нивната непосредна близина. Во речиси сите случаи, луѓето велат дека чувствувале силен притисок врз градите и чувство на задушување. Во некои делови од Бразил постојат бројни народни приказни и верувања поврзани со суштество наречено Писадеира, кое влегува во собата и ги гази градите на луѓето кои спијат.

И во Каталонија (Шпанија) постои слична верзија на приказната за суштество наречено Песанти. Песанти е црно животно, честопати куче или мачка, кое влегува во домовите на луѓето и им седнува врз градите додека спијат.

Paraliza na son fenomen koj so vekovi gi plasi lugeto 3

Првата дефиниција за овој феномен ја дава д-р Семјуел Џонсон, во неговиот англиски речник, а парализата ја нарекува кошмар (анг. nightmare). Етимологијата на овој збор го содржи коренот мар, односно мора (анг. mare). Мората во јазикот се опишува како демонско суштество, а со оглед на тоа дека луѓето порано немале развиена медицина, сосема е логично на сите феномени, кои не можеле да ги објаснат, да им се придава атрибутот “натприродно“.

Парализа на сон е феномен кој многу луѓе барем еднаш го доживеале. Оваа состојба не е опасна и поминува сама по себе, а освен непријатно чувство не остава никакви други последици.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Промени на лицето кои се знак дека очајно ви треба повеќе сон Проблеми како егзема, појава на акни и, секако, темни кругови под очите – кои се...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Србинка со искрени фотки од болница по ставањето силикони: „Ги правев градите, но кога не треба да с... „Имплантите не се само естетика. Тоа е дополнителен товар што го носи ’рбетот. А...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg