Како да познаете дали имате кофеински мамурлaк?

Кофеинот, слично како и алкохолот, ако претерате со него може да ви предизвика симптоми слични на мамурлaк.

kako-da-poznaete-dali-imate-kofeinski-mamurluk-01.jpg

Понекогаш, кога не можете да си објасните од каде ви е главоболката и зошто имате вознемирен стомак, размислете дали тој ден можеби сте претерале со количината на кофеин. Него го има и во чај, во енергетски пијалаци, па дури и во некои лекови.

Премногу кофеин, може да ги предизвика овие симптоми:

Имате пулсирачка главоболка

Ако секојдневно ви се случува барем накратко да чувствувате пулсирачка болка, особено во челото и слепоочниците, тоа е знак дека треба да намалите со дневниот внес на кофеин.

kako-da-poznaete-dali-imate-kofeinski-mamurluk-02.jpg

Не можете да спиете

Како што стареете, телото ја губи способноста брзо да го процесира кофеинот. Затоа немојте да се чудите ако минатата година кафето не ви пречело во спиењето, но во последно време се случува токму тоа.

Ве боли стомакот

Кафето и кофеинот создаваат кисела средина во вашиот организам, па желудникот може да реагира со создавање вишок киселини. Тоа може да доведе до постојана болка во стомакот, но и до рефлукс и други проблеми со варењето.

kako-da-poznaete-dali-imate-kofeinski-mamurluk-03.jpg

Имате необјаснива анксиозност

По претерување со кофеин, телото може да ви стане чувствително, исто како и нервниот систем, што резултира со епизода на анксиозност. Обидете се во следните денови да го намалите внесот на кофеин.

Имате потреба од често одење во тоалет

Зачестено уринирање, дијареја, па дури и запек, иако не сте јаделе нешто што може да ги предизвика. Одговорот побарајте го во тоа колку кафе и други кофеински производи сте внеле денеска во вашиот организам.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Нашиот детски хирург д-р Марјан Камилоски: „Имав едно дете голтнало значка, се случува да голтнат па... „Кај децата многу често се случува да дојде до голтање на предмети. Играчки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg