Црвена против настинки, зелена за смирување: Како боите нè лекуваат и како влијаат врз нас?

Во текот на животот се фасцинираме со боите, некои ни се омилени, некои не ги забележуваме, а некои не можеме да ги поднесеме. Дали нашата емотивна определба за боите е само прашање на вкус? Хромотерапијата нè убедува дека боите влијаат на човекот, неговото расположение, физичката и менталната состојба.

Hromoterapija na koj nacin boite ne lekuvaat i kako vlijaat vrz nas 01

Психолошкото влијание на боите често се користи во рекламирањето. Големите компании ги користат боите кои ги насочуваат купувачите кон одредените производи.

Светлите, нежните бои, како бела, светло-сина и светло-зелена потсвесно ја поврзуваме со чистота и свежина, додека црвената, портокаловата и жолтата боја ја поврзуваме со импулс, возбуда и животна енергија.

Кога станува збор за свесната употреба, боите можат да ни помогнат на повеќе нивоа. Можат да го забрзаат менталното и физичкото закрепнување, да ни го поправат расположението, да нè релаксираат и др.

Хромотерапија е гранка на алтернативната медицина која практикува изложеност на бои, како алатка за лекување на одредени болести. Оваа терапевтска техника е дизајнирана да биде дополнување на други медицински третмани.

Hromoterapija na koj nacin boite ne lekuvaat i kako vlijaat vrz nas 02

Боите ни помагаат да ги откриеме деталите за себе. Аверзија кон одредени бои, исто така, може многу да ни открие. Еве како основните бои влијаат на нашето здравје.

Црвената боја ги буди емоциите и ја забрзува циркулацијата

Поврзана е со првата чакра, која го контролира 'рбетот, колковите и нозете. Се смета дека носи топлина и виталност. Исто така, го забрзува закрепнувањето од замор и настинки.

Одличен е додаток во третманот на кардиоваскуларните заболувања, анемија, кожни болести, слаба циркулација, недостаток на апетит и импотенција.

Аверзија кон црвената боја укажува на постоење на скриени стравови.

Портокалова боја за добро расположение и креативност

Втората, сакрална чакра, ги контролира бубрезите, уринарниот систем и репродуктивните органи. Корисна е за третман на тироидната жлезда, дијабетес, белодробни заболувања, акни, депресија. Покрај тоа, намалува тензии и ја стимулира креативноста.

Аверзија кон портокаловата боја може да сугерира потиснување на сексуалните чувства.

Жолта боја го чисти телото и ги отстранува стравовите

Се поврзува со третата чакра, соларниот плексус, а директно влијае на дигестивниот систем (желудник, панкреас, црн дроб, жолчен меур...). Одличен е додаток во третманот на болки во мускулите, болки во стомакот, астма и недостаток на апетит. Го подобрува расположението, ги стимулира менталните процеси и ги отстранува стравовите.

Аверзија кон жолтата боја укажува на емоционално разочарување и огорченост, тенденција кон рационализација на чувства и површни односи.

Hromoterapija na koj nacin boite ne lekuvaat i kako vlijaat vrz nas 04

Зелена боја е лек за срце и душа

Кореспондира со четвртата чакра и е поврзана со срцето, белите дробови и тимусот. Има позитивен ефект во случај на кардиоваскуларни и малигни заболувања.

Помага да се надмине стравот од односите, недовербата, љубомората и несигурноста. Има смирувачки ефект врз умот и телото.

Луѓето кои се иритираат од зелената боја имаат потреба од автономија и постојан развој.

Сината боја ја лекува мигрената и ја зајакнува волјата

Хромотерапијата ја поврзува сината боја со петтата чакра. Се поврзува со грлото, а влијае на белите дробови, ушите, устата, рацете.

Се користи во терапија на висок крвен притисок, хронична болка, мигрена, главоболка, хемороиди, треска, несоница, анксиозност и иритација на кожата. Донесува мир и обезбедува чувство на сигурност и рамнотежа, но и тага. Подобрува вербално изразување и комуникација, го стимулира уметничкото изразување и ја зајакнува волјата.

Луѓето кои имаат аверзија кон оваа боја се организирани, дисциплинирани, вредни и не сакаат ограничувања.

Hromoterapija na koj nacin boite ne lekuvaat i kako vlijaat vrz nas 03

Индиго боја го подобрува видот

Шестата чакра, чиј симбол е оваа боја, се наоѓа во средината на челото, а се поврзува со очите и долниот дел од главата. Го подобрува имунолошкиот и лимфниот систем, како и видот.

Го чисти телото, позитивно влијае на хипофизата и нервите. Предизвикува интуиција и ги поттикнува идеите.

Виолета боја ја стимулира меморијата и духовноста

Поврзана е со седмата, крунската чакра, поставена на врвот на главата. Виолетова боја е корисна во случај на ментални болести и проблеми со меморијата и концентрацијата.

Помага во третманот на меланхолија, алкохолизам и болести на зависност. Ја поттикнува духовноста, интуицијата, мудроста и менталната сила.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дали ноќното потење е знак за сериозен проблем и кога треба да одите на лекар? Ноќното потење може да биде предизвикано од разни фактори, како менопауза или пи...
Што открива бојата (и текстурата) на семената течност за вашето здравје? Додека е нормално семената течност некогаш да има бледожолта нијанса, ако ова тр...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
3 едноставни вежби за лимфна дренажа Вежбите за лимфна дренажа можат да помогнат во намалување на отоците кои настану...
Што е витилиго - како да го препознаете и третирате? Додека научниците ги проучуваат гените на луѓето со витилиго за да откријат што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg