Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Митови за вагиналната хигиена во кои треба да престанете да верувате

Секогаш користите специјален наменски сапун за миење, а се депилирате редовно секој месец. Можеби треба да ги преиспитате овие навики.

mitovi-za-vaginalnata-higiena-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-01.jpg

На пазарот има широк спектар на производи за „нега“ на вагината, од најобичен течен сапун, па сè до парфимирани води и апарати за чистење со пареа.

Но, некои од овие производи не само што нема да ви помогнат за хигиената, туку може да направат и поголема штета.

Гинеколозите се согласни дека на својата вагина не треба да гледате како на градина, односно не треба да мириса на цвеќе, ниту да биде редовно депилирана.

Ова се најчестите митови во кои треба веднаш да престанете да верувате:

Депилирањето е хигиенско

Депилацијата има повеќе естетски карактер, отколку хигиенски. Тие влакна растат таму за да може да спречат нечистотиите да се залепат на вашата кожа или да навлезат меѓу срамните усни и внатре во вагината.

Свежо издепилираната вагина е повеќе склона и кон кожни иритации. Не постои истражување кое потврдува дека отстранувањето на влакната има хигиенски бенефити. Да не зборуваме пак, за појавата на поткожни иритации, кои може да траат непријатно долго.

Вагиналните течности ја одржуваат здравата ПХ-вредност

Вагината сама се прочистува, а доколку влијаете со таканаречените хигиенски течности, односно нивното вбризгување во вагиналниот канал, можете да предизвикате нарушување на природниот баланс на микроорганизми и да предизвикате вагинална сувост.

Исто, ова нема да направи вагината да ви мириса попријатно. Доколку почувствувате нетипичен мирис, поверојатно е дека треба да посетите гинеколог, отколку на своја рака да правите вагинална бања.

Парфимираните спрејеви не се опасни

Секој парфимиран продукт е потенцијална опасност за иритација на чувствителната кожа на вагината. Парфимираните влошки и тоалетна хартија предизвикуваат сувост и чешање, а истото се случува и со таканаречените парфеми за интима.

mitovi-za-vaginalnata-higiena-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-02.jpg

Поскапата долна облека е подобра

Најдобра е долната облека која е изработена од памук или други природни ткаенини. Синтетичките материјали не ѝ дозволуваат на кожата да „дише“ и не впиваат пот.

Затоа, подобро е наместо специјална долна облека за вежбање, која во најголем дел содржи и ликра, да користите обични памучни гаќички.

Вагината треба да ја миете со сапун

Користете сапун за да ја исчистите кожата на надворешниот дел од вагината. Остатокот е доволно да го плакнете со вода. Секако, козметички или медицински производи за нега можете да користите со препорака на лекар.

Користете наменски сапун за да ги измиете пубичните влакна од нечистотијата која се задржала на нив.

Третманот со пареа длабински ја прочистува вагината

Овој метод го популаризираше Гвинет Палтроу преку својот сајт „Goop“, тврдејќи дека освен што чисти, пареата и енергизира. Но, гинеколозите се строго против ваквиот третман, најпрво поради ризикот од изгореници, а потоа и од нарушувањето на вагиналната микрофлора.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
Мозочен удар, рак на бели дробови: Кои болести се најчестата причина за смрт? Според СЗО, проблемите за срцето се најчестата причина за смрт, и тоа со години ...
Туширање со жешка вода и уште 5 работи што ја влошуваат егземата Жешката вода ги отстранува природните масла на кожата и ја прави посклона кон су...
Што ќе се случи ако секоја вечер спиете помалку од 7 часа? Дебелеење, но и проблеми со кожата, како акни и црвенило – со што сè ќе се соочи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg