Комуникација во живо бара многу повеќе напор, па на Фејсбук сме главни

Социјалните мрежи, во последниве години, се една од најпопуларните форми на комуникација и дружење меѓу луѓето ширум светот. 

Kolku se losi socijalnite mrezi za mentalnoto zdravje 01

Тие ни служат за дружење, запознавање, повторно поврзување со луѓе со кои изгубивме контакт, за рекламирање и за информации. Ретко кој денес не ги користи социјалните мрежи. Дали некогаш сте се запрашале како социјалните мрежи влијаат врз човековото ментално здравје и дали ни носат повеќе штета отколку корист?

Многу луѓе ќе се согласат дека социјалните мрежи можат да ни донесат многу добри работи. Тие се одличен начин за запознавање нови луѓе и поврзување со старите пријатели, рекламирање на бизнис и разменување на информации и мислења.

Како и со сè друго во светот, не треба да се претерува кога станува збор за времето поминато на социјалните мрежи или начинот на кој размислувате за нив. Постојат многу негативни страни на социјалните мрежи, а ова се некои од нив.

Зависност. Прекумерната употреба на компјутерот може да развие одредена зависност, особено кога станува збор за видео-игри. Ова важи и за користењето на социјалните мрежи.

Стануваме зависни од социјалните мрежи, бидејќи нивната употреба ги стимулира центрите на задоволството во мозокот. Истите се активираат секој пат кога некој ќе ја „лајкне“ вашата слика или кога ќе остави позитивен коментар.

Комуникацијата, во која било форма, а не само на социјалните мрежи, влијае врз центарот на задоволство.

Kolku se losi socijalnite mrezi za mentalnoto zdravje 02

Повеќето од нас на социјалните мрежи имаат стотици, па дури и илјадници „пријатели“ кои редовно ги ажурираат своите профили, објавуваат фотографии и пишуваат статуси. Во реалниот живот е многу потешко да се добијат педесет позитивни коментари за новата фризура или автомобилот.

Никој нема јавно да ве расположи, бидејќи имате одличен музички вкус или сте пронашле феноменален цитат. Комуникација во живо бара многу повеќе напор и време од социјалните мрежи и ретко вклучува толку учесници. Затоа се чувствуваме добро кога комуницираме со луѓе преку коментари и „лајкови“.

Социјалните мрежи се едноставен, забавен и брз начин за комуникација, затоа лесно може да се развие зависност од нив. Можете да комуницирате со стотици луѓе во секое време, да ги слушнете нивните мислења и да дознаете нови информации без да станете од вашата омилена фотелја.

Втората причина поради која често одиме на социјалните мрежи е здодевност. Речиси секогаш кога немаме попаметна работа, ќе погледнеме што прават „пријателите“ на Фејсбук или Твитер. Паметните телефони го прават овој пристап уште полесен. Оваа навика може многу лесно да се претвори во класична зависност.

Kolku se losi socijalnite mrezi za mentalnoto zdravje 03

Поминување премногу време на социјални мрежи може да предизвика пад во концентрацијата, бидејќи за социјалното вмрежување е потребно постојано префрлување од една тема во друга, од една локација до друга, од читање коментари до одговарање.

Ова, исто така, може да влијае и на начинот на кој учиме нови работи, бидејќи преку социјалните мрежи добиваме информации во краток облик. На пример, луѓето кои постојано комуницираат преку социјалните мрежи ќе се чувствуваат сосема непријатно кога ќе читаат книга, бидејќи нема да добијат повратни информации.

Бројот на следбеници, „лајкови“ и коментари не кажува колку е некој успешен, забавен или информиран во реалниот живот.

Колку често ви се случува да, кога ќе прочитате лоша вест, веднаш проверувате како на истата реагираат вашите виртуелни пријатели за да ја споделите импресијата со нив? Дали некогаш сте се запрашале зошто е ова вашата прва реакција?

Дали на тој начин се обидувате да избегате од реалноста или да избегнете да се соочите со сопствените мисли и емоции?

Доколку не си дозволите да ги процесирате информациите, добри или лоши, ги потиснувате сопствените емоции, а потиснувањето на емоциите доведува до стрес и емоционални проблеми.

Откако интернетот стана дел од наш секојдневен живот, истиот е предмет на многу дискусии. Некои сметаат дека е исклучително штетен, додека другите тврдат дека без него не можат да го замислат животот.

Вистината е некаде помеѓу овие две крајности, како што социјалните мрежи можат да бидат штетни, така можат да бидат и корисни, доколку знаете како да ги користите.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Како да реагирате доколку наидете на лице со деменција кое е изгубено? Не ја оставајте личноста сама и кога разговарате со неа, зборувајте јасно и со к...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg