Жена е алергична на сонце, а живее во сончевата Калифорнија - шета само навечер

Таа живее во темнина во нејзината куќа затоа што во текот на денот темни завеси постојано ги блокираат сончевите зраци.

zhena-e-alergichna-na-sonce-a-zhivee-vo-sonchevata-kalifornija-i-izleguva-samo-navecher-01.jpg

Koжата на Андреа Ивон Монрој (26) е прекриена со илјадници пеги. Таа ја има состојбата xeroderma pigmentosum (XP) поради која кожата не може да го поправи оштетувањето предизвикано од сонцето.

Таа никогаш не излегува во текот на денот, освен ако нема закажано медицински третман, а дури и тогаш внимателно ги штити своето лице и тело.

zhena-e-alergichna-na-sonce-a-zhivee-vo-sonchevata-kalifornija-i-izleguva-samo-navecher-03.jpg

За нејзината здравствена состојба нема лек, а животниот век на пациентите со ваква дијагноза е околу 37 години, поради ризик од рак на кожата, а поради проблеми со хормоните овие жени ако сакаат да раѓаат треба да го сторат тоа многу рано.

Андреа живее со нејзините родители во Сан Диего, Калифорнија каде во просек има 146 сончеви денови и 117 делумно сончеви денови годишно. Но, таа одбива да се отсели оттаму.

zhena-e-alergichna-na-sonce-a-zhivee-vo-sonchevata-kalifornija-i-izleguva-samo-navecher-04.jpg

„Се сакам таква каква што сум. Јас сум во менопауза, но во ред е, не сакам да имам деца, не сум родена за да бидам мајка. Не ви е потребно дете за да бидете целосни како жена. Јас сум среќна поради тоа каква личност станав и си го сакам животот таков каков што ми е“, вели Андреа.

Таа живее во темнина во нејзината куќа затоа што во текот на денот темни завеси постојано ги блокираат сончевите зраци. Секогаш кога го напушта домот носи заштитна маска и шапка.

Семејството дури ги затемнило прозорците на нивниот автомобил за Андреа да може да патува, но таа сепак сака преку ден да е дома, а шета само навечер.

zhena-e-alergichna-na-sonce-a-zhivee-vo-sonchevata-kalifornija-i-izleguva-samo-navecher-09.jpg

zhena-e-alergichna-na-sonce-a-zhivee-vo-sonchevata-kalifornija-i-izleguva-samo-navecher-08.jpg

zhena-e-alergichna-na-sonce-a-zhivee-vo-sonchevata-kalifornija-i-izleguva-samo-navecher-07.jpg

zhena-e-alergichna-na-sonce-a-zhivee-vo-sonchevata-kalifornija-i-izleguva-samo-navecher-06.jpg

zhena-e-alergichna-na-sonce-a-zhivee-vo-sonchevata-kalifornija-i-izleguva-samo-navecher-05.jpg

zhena-e-alergichna-na-sonce-a-zhivee-vo-sonchevata-kalifornija-i-izleguva-samo-navecher-02.jpg

Прочитајте и Запознајте ја девојка што е алергична на зима, а живее во Канaда!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Шест знаци дека стареете побрзо отколку што треба (и зошто) Ако немате ни 40 години, а забележувате дамки од сонце на лицето, тоа значи дека...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...
Ситуации во кои веднаш треба да побарате лекарска помош (дури и ако симптомите изгледаат безопасно) Ако почувствувате силна и ненадејна болка во тестисите, никако немојте да ја игн...
Што НЕ треба да правите ако патувате за време на топлотен бран (за да не си го расипете одморот)? Со температури над 40 степени Целзиусови, поважно е да ви биде удобно и да не до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg