7 драстични промени што се случуваат во вашето тело кога јадете премногу

Иако повеќето луѓе не се свесни за ова, прејадувањето е најчестото нарушување во исхраната кај возрасните, а тоа може да има сериозни здравствени, психолошки и социјални последици.

7-drastichni-promeni-shto-se-sluchuvaat-vo-vasheto-telo-koga-se-prejaduvate-01.jpg

Иако можеби прејадувањето изгледа неизбежно на настани како Божиќ или Велигден, секогаш е добро да следите колку сте изеле.

За да се убедите во тоа, погледнете ги промените што можат да настанат во вашето тело кога се прејадувате:

Вашиот стомак се иритира

Храната што ја консумирате треба да ви дава енергија, а отпадот треба да биде исфрлен од телото. Целиот овој процес е познат како дигестија. Кога се прејадувате, дигестивниот систем е претоварен па има често празнење на цревата, дури и дијареа.

Исто така важно е и како јадете. Бавното џвакање на храната е клучно за да го избегнете ова, иако најдобро решение е да престанете да јадете кога ќе се почувствувате сити.

Доколку сепак се соочувате со овој проблем, пијте многу вода бидејќи телото полесно дехидрира во ваква состојба.

Телото се чувствува како да е лето

Ако јадете повеќе од вообичаено, вашиот метаболизам се менува. Пулсот се зголемува и ќе почнете да се чувствувате како да сте во сауна. За жал, не можете да го сопрете ова.

Штом ќе се дигестира целата храна, вашиот организам ќе се врати во нормала. За да се чувствувате подобро, можете да се истуширате со ладна вода.

7-drastichni-promeni-shto-se-sluchuvaat-vo-vasheto-telo-koga-se-prejaduvate-02.jpg

Во стомакот се создаваат многу гасови

Кога јадете, голтате и многу воздух со храната. Кога ќе се прејадете, ќе голтнете уште повеќе воздух. Доколку пиете и газирани пијалаци, гасовите во стомакот само ќе се влошат.

Покрај тоа, телото произведува и свои гасови додека ја дигестира храната. Па дури да излезе целиот воздух, ќе се чувствувате навистинаа неудобно.

За да го избегнете ова обидете се да јадете бавно и добро да ја џвакате храната. Понекогаш од помош е и кратката прошетка.

Ќе се чувствувате немирно

Постои верување дека прејадувањето ќе ве направи сонливи. Но, кога ќе се прејадете ќе се чувствувате немирно и нема да можете да заспиете. Прејадувањето го изместува вашиот циркадиски ритам што го регулира спиењето.

Исто така, доколку сте консумирале нешто со многу јаглехидрати, како тестенини, дури и ако заспиете, кога ќе се разбудите ќе бидете гладни.

Во овие ситуации најдобро е да целосно да го избегнувате јадењето навечер. Доколку сепак сте ја направиле грешката, направете ја просторијата за спиење што е можно потемна и постудена.

Ќе чувствувате вртоглавица

И вртоглавицата може да се појави како последица од прејадувањето. Причината е што кога се дигестира храната, метаболизмот се забрзува а со него и пулсот.

И во овој случај не можете да направите ништо, само пијте многу течности и одморајте додека не се вратите во нормала.

7-drastichni-promeni-shto-se-sluchuvaat-vo-vasheto-telo-koga-se-prejaduvate-03.jpg

Ќе се чувствувате нервозно, фрустрирано и нема да можете да се концентрирате

Сето ова се знаци дека вашето тело напорно се обидува да ја преработи храната што сте ја консумирале. Кога се прејадувате, телото лачи инсулин за да го складира вишокот шеќер, со цел да го искористи кога нивото на шеќер во крвта е ниско.

Интересно е што поради оваа игра на хормоните ќе се чувствувате гладно дури и после прејадување. Во овој случај, одберете лиснат зелен зеленчук или јајца за да го задоволите чувството на глад. Не посегнувајте по нездравите грицки.

Ќе ви се појави „пивски“ стомак

Промената што е најлесна за забележување е зголемувањето на вашиот стомак. Штом ќе се дигестира храната, стомакот би требало да се врати во нормала.

За да го избегнете подувањето на стомакот, јадете бавно. На овој начин подобро ќе ја вкусите храната, но ќе му дадете и доволно време на мозокот да регистрира дека сте сити и ќе престанете да јадете.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...
Осум причини зошто не треба да го поминете цел ден во седење Дијабетес или компликации од истиот, проблеми со колковите и мускулите, па и зго...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg