10 секојдневни грозни навики со коишто го изложуваме здравјето на ризик

Најголемиот дел од работите коишто ги правите се механички – ги повторуваме секојдневно, без премногу размислување.

10-sekojdnevni-grozni-naviki-01.jpg

Но, тоа не значи дека се премногу здрави. Впрочем, многу од секојдневните навики го загрозуваат вашето здравје без да бидете свесни и се прилично грозни, иако не размислуваме за нив.

Бидете искрени и признајте – во колку од нив се пронајдовте?

Ја оставате чантата на масата

Освен фактот што не е културно да се става чантата на масата за време на јадењето, оваа секојдневна навика е прилично грозна. Чантата која редовно ја користите всушност содржи во себе многу повеќе бактерии отколку најголем дел од тоалетите.

10-sekojdnevni-grozni-naviki (4).jpg

Ги сушите рацете на апаратот во јавни тоалети

Иако мислите дека на овој начин ги одбегнувате бактериите, истражувањата го докажале токму спротивното. Апаратот за сушење на раце преку топлиот воздух ве изложува на 18 до 60 различни видови на бактерии.

10-sekojdnevni-grozni-naviki (6).jpg

Одмрзнувате месо на собна температура

Доколку местото се одмрзнува на работната површина повеќе од 2 часа и успее премногу да се стопли, тоа ќе започне да шири бактерии околу вас. Најдобро е да се одмрзнува во фрижидерот, микробрановата печка или во ладна вода (никогаш топла).

10-sekojdnevni-grozni-naviki (1).jpg

Не ги чистите слушалките

За нешто коешто го користите секој ден, навистина е потребно редовно да ги чистите. Нечистите слушалки може да предизвикаат чешање, осип, инфекции на увото и напластување на восок во него.

10-sekojdnevni-grozni-naviki (8).jpg

Ги чистите ушите со прстите

Освен што можете да го повредите ушното тапанче, со прстите само ја туркате материјата којашто се собира во нив до ушното каналче. На овој начин може да предизвикате повеќе проблеми, како изложеност на бактерии или затнување на увото.

10-sekojdnevni-grozni-naviki (9).jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg