Како природно да се заштитите од сонцето, покрај користење на креми за сончање?

Постојат три начини да се заштитите од сонцето. Првиот е да го избегнувате, вториот е да користите креми за сончање со висок фактор, а третиот е комбинација на природна заштита на кожата, пред сончањето, по сончањето како и правилната исхрана. 

kako-prirodno-da-se-zashtitite-od-sonceto-pokraj-koristenje-na-kremi-za-sonchanje-01.jpg

Изложување на кожата на сонцето е одреден вид „агресија“. Затоа треба да се потенцира (по којзнае кој пат) дека во текот на летото треба да пиете многу течности и да избегнувате сончање помеѓу 11 и 17 часот, што е особено важно за децата и постарите лица. 

Покрај користењето креми со фактор за заштита, важно е да практикувате уште неколку природни начини за подобро да се заштитите од сонцето:

Овошје и зеленчук

Разновидна храна, со посебен акцент на овошјето и зеленчукот, која е богата со антиоксиданти е многу важна.

Најважни за кожата се витамини А, Ц, Е, фитохемикалии - флавоноиди, полифеноли, антоцијани и познатиот бета каротин, кој честопати се препорачува како подготовка за сончање.

Kako prirodno da se zastitite od sonceto bez koristenje na kremi za soncanje 02

Бета каротин

Бета каротин е силен антиоксиданс. Може да се купи како додаток во исхраната во секоја аптека.

Треба да се зема во природна форма, заедно со други каротеноиди (бидејќи е така најефикасен) во доза од 30 милиграми на ден, во тек на 12 недели, за да се постигне значаен ефект за заштита од изгореници и алергии.

Kорисни витамини

Витамините од групата Б, кои се присутни во интегралните житарки, и минералите: цинк, бакар, манган и селен, се клучни за здравјето на кожата.

Треба да се консумираат во свежа форма (малини, боровинки, грозје, капини, цреши, јагоди) или преку природни сокови без адитиви и шеќер.

Kako prirodno da se zastitite od sonceto bez koristenje na kremi za soncanje 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Знаци (и здравствени проблеми) дека е редно да купите нов душек Секое утро се будите вкочанети и не се ни сеќавате кога последен пат сте го смен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg