Храна што треба да ја јадете и храна што треба да ја избегнувате за време на менструација

Ѓумбир

Ѓумбирот ги намалува воспаленијата, а помага и во намалувањето на менструалните болки.

Доколку имате болки во стомакот, во шолја чај додајте малку ѓумбир и испијте го.

Портокали и лимони

Кога имате менструација, обидете се да јадете повеќе овошје за да го зголемите внесот на витамини и да ја намалите желбата за шеќер. Најдобри за ова се цитрусните овошја.

Покрај витамините, овие овошки имаат многу хранливи влакна и вода. Исто така, цитрусното овошје може да ги ублажи другите непријатни симптоми, кои доаѓаат со менструацијата.

hrana-shto-treba-da-ja-jadete-i-hrana-shto-treba-da-ja-izbeguvate-za-vreme-na-menstruacija-04.jpg

Храна што треба да ја избегнувате за време на менструација

Млеко

Ако чувствувате болка во стомакот, би требало целосно да ги избегнувате млечните производи за време на менструација.

Лактозата може да предизвика подуеност и гадење - нешта што веќе ги чувствувате поради менструацијата.

Слатки и нездрави грицки

Вашите омилени грицки нема да ви го подобрат расположението кога имате менструација, туку само можат да ви ги влошат симптомите.

Вашето тело веќе губи крв и минерали за време на менструација, па држете се понастрана од вештачките вкусови и засладувачи.

hrana-shto-treba-da-ja-jadete-i-hrana-shto-treba-da-ja-izbeguvate-za-vreme-na-menstruacija-05.jpg

Кофеин

Пиењето многу кафе за време на менструација може да го продолжи нејзиното траење.

Покрај тоа, кофеинот ги влошува ПМС симптомите, па најдобро е да го избегнувате овој пијалак, пред и за време на менструација.

Зачинета храна

Зачинетата храна може дополнително да го иритира вашиот стомак. Сепак, некои зачини можат да ви помогнат.

На пример, чилито има антивоспалителни својства, а шафранот ја подобрува работата на дигестивниот систем.

hrana-shto-treba-da-ja-jadete-i-hrana-shto-treba-da-ja-izbeguvate-za-vreme-na-menstruacija-06.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...

Најчитани неделава