Како цигарите му штетат на вашето здравје?

Секоја година сè повеќе луѓе умираат како последица на болести добиени од цигарите.

kako-cigarite-mu-stetat-na-vaseto-zdravje+01.jpg

Цигарите просечно ви го скратуваат животот за околу 12 години. Тие влијаат на многу различни делови од вашето тело.

Почнувајќи од вашата кожа па до вашето срце.

Во продолжение погледнете на кој начин цигарите му штетат на вашето здравје:

Делуваат лошо врз циркулацијата

Кога пушите, отровот од катранот во цигарите, директно навлегува во вашата крв. Со тоа подоцна си ја зголемувате можноста да добиете запушување на вените, што може да предизвика мозочен или срцев удар.

Го оштетуваат мозокот

Пушачите се повеќе склони кон мозочен удар, во споредба со непушачите. Поточно пушењето го зголемува за 50% ризикот од мозочен удар. Исто така пушењето го зголемува ризикот да добиете анвризма на мозокот.

Предизвикуваат срцеви заболувања

Пушењето директно влијае и го оштетува срцето, зголемувајќи го ризикот за срцеви заболувања. Јаглерод моноксидот и никотинот заедно го поттикнуваат срцето да работи побрзо од нормално. Тие исто така го зголемуваат ризикот од згрутчување на крвта.

kako-cigarite-mu-stetat-na-vaseto-zdravje+02.jpg

Лошо делуваат врз кожата и коските

Кожата кај пушачите е многу посува и изгледа постаро, а исто така цигарите многу често се виновни за прекумерната појава на целулит во вашето тело. Многу често цигарите се виновни и за појавата на остеопороза.

Најголемиот непријател на белите дробови

Белите дробови се најмногу погодени од пушењето. Кашлицата, отежнатото дишење и астмата се само почетни фази до кои цигарите можат да ве доведат. Пушењето предизвикува 84% од смртните случаи од рак на белите дробови.

Влијаат врз репрудуктивните органи

Пушењето може да доведе до стерилитет и кај двата пола. Исто така пушењето за време на бременост може да доведе до спонтан абортус и го зголемува ризикот од смрт кај новороденчето.

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg