Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 причини зошто киноата е супер храна

Киноата е супер храна поради корисните состојки и активните компоненти кои ги содржи. Не, не е помодарство да ја воведете во вашите оброци, туку постојат бројни причини за истото.

7-pricini-zosto-kinoata-e-super-hrana-01.jpg

1. Киноата содржи флавоноиди, вклучувајќи ги кверцетинот и кампферолот. Тие влијаат против воспаленија и вирусни инфекции, но имаат и анти-канцерогени и анти-депресивни својства.

2. Не содржи глутен и е одлична намирница која може да се вклучи во исхраната на оние кои се интолерантни на глутен.

3. 100g незготевена киноа содржи 10 до 16 грама билни влакна, што е многу повеќе од повеќето житарки.

4. Киноата е одличен извор на протеини (100g киноа содржи 4,5g протеини), и за разлика од останатите житарки ги содржи сите есенцијални аминокиселини.

5. Богата е со калиум, цинк, железо и магнезиум.

7-pricini-zosto-kinoata-e-super-hrana-001.jpg

6. Истражувањата направени кај луѓе и стаорци покажуваат дека киноата може да ја подобри работата на метаболизмот и да го намали нивото на глукоза, инсулин и триглицериди во крвта.

7. Високата содржина на билни влакна, протени и релативно нискиот гликемиски индекс е добра комбинација во борбата против дебелината.

Како да ја подготвите?

Прелијте ја со ладна вода и ставете ја на шпорет да почне да врие. Кога ќе почне да врие, намалете ја температурата, поклопете ја со капак и оставете ја да се вари на тивко 12-15 минути.

Може да ја користите во салати, во супи и чорби, како замена за бело брашно или како каша за појадок

7-pricini-zosto-kinoata-e-super-hrana-002.jpg

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Туширање со жешка вода и уште 5 работи што ја влошуваат егземата Жешката вода ги отстранува природните масла на кожата и ја прави посклона кон су...
Мозочен удар, рак на бели дробови: Кои болести се најчестата причина за смрт? Според СЗО, проблемите за срцето се најчестата причина за смрт, и тоа со години ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg