Внимавајте - владее грип!

vnimavajte-vladee-grip-povekjeГрипот спаѓа во заразни вирусни заболувања кои најчесто се јавуваат кога им е сезоната. Сезоната на грип обично е на крајот од зимата, но епидемијата може...

 

...да почне и во есен. Инфекцијата се шири по горните дишни патишта, а некогаш доаѓа и до воспаление на белите дробови.

Секоја година има повеќе или помалку заболени од грип, а по секои три-четири години се јавува поголема епидемија.

Вирусите постојано мутираат, па на неколку години се појавува нов тип грип, така што, невозможно е да се најде универзална вакцина за заштита од секој вид грип.

vnimavajte-vladee-grip-1

Најчести симптоми на грипот се:

  • зголемена температура (помеѓу 38 и 39 степени)
  • болка во грлото
  • сува испрекината кашлица
  • болки во мускулите
  • општ замор, слабост и малаксаност
  • затнат нос
  • кивање
  • главоболка

Искуства

Грипот е најлесно да се спречи со: зголемена хигиена на лицето и рацете, неизложување на инфекции (избегнување на контакт со болни и масовни собири), здрави навики (да не се пуиши, прошетка на чист воздух) и правилна исхрана (витамини и минерали од овошје и зеленчук).

Медиумската кампања и предупредувањата на повеќето луѓе делува позитивно така што треба да се слушаат советите на Министерството за здравство, за да се спречи пандемија и да се намалат компликациите.

Вакцинацијата во поголем број случаи ја спречува инфекцијата на грипот, но таа треба да се направи пред почетокот на епидемијата (во есен).

Секој грип има блага, средно тешка и тешка форма, па во согласност со тежината на формата треба и да се постапува.

Секоја форма на грип треба сериозно да се сфати за да се намалат можните компликации и на време да се преземат мерки.

vnimavajte-vladee-grip-2Ризични групи

Ризичните групи во текот на сезоната на грип би требало да се вакцинираат и да избегнуваат контакти со болни, како и собири (простории) со многу луѓе.

Во ризични групи спаѓаат: бебињата, деца, бремени жени, асматичари, дебели луѓе, пушачите, дијабетичарите, пациенти со ХИВ имунодефициенција, деца со вродени срцеви заболувања, пациенти со срцеви и белодробни заболувања, психијатриски болни....

Луѓето од ризичните групи потешко го преболуваат грипот, а евентуалните компликации кај нив можат да предизвикаат сериозни последици.

Предупредување

Важно е пациентите сериозно да ги сфатат симптомите на грипот и веднаш да се јават на лекар.
Праксата покажала дека компликациите се јавуваат доколку на време не се побара совет од лекар, не се мирува за време на полесните симптоми на болеста и ако не се користи пропишаната терапија. Кај повеќето такви пациенти, по појавата на компликациите, терапијата за комликации не можела многу да помогне.

Важно е кај било кој тип грип или настинка што побргу да се посети лекар и да се постапува по неговите совети. Одговорното однесување на пациентот - мирување, редовно земање терапија и постапка по препорака на лекарот е важно во секоја фаза на болеста.

Би можело да ве интересира:

Промени во видот и очите што може да се знак за (посериозни) здравствени проблеми Ненадејната силна болка зад окото може да биде знак за авнеризма, додека замагле...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Мозочен удар, откажување на бубрезите: Што ќе се случи ако не го третирате високиот крвен притисок? Високиот крвен притисок може да се регулира со лекови и промени во животните нав...
Често се изолирате и уште седум знаци дека ќе ви годи разговор со терапевт Не можете да го контролирате гневот или, пак, само се соочувате со тешка животна...
Суптилни симптоми на рак на јајници (кој се лекува многу полесно ако е рано детектиран) Крвавењето меѓу менструации и по менопауза обично е знак за некаков проблем, а н...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg