Предупредувачки знаци за камења во бубрезите што не треба да ги игнорирате
Човештвото се соочува со проблемот камења во бубрезите уште од 600 година п.н.е. А мажите, пак, имаат многу поголеми шанси да се соочат со овој проблем.
Симптомите на ова заболување можат да бидат „тивки“, но доколку камењата се придвижат, искуството е навистина болно.
Поради тоа, важно е да знаете кои се предупредувачките знаци за камења во бубрезите, со цел порано да се консултирате со лекар.
Силна болка
Неретко, луѓето со камења во бубрезите чувствуваат силна болка во стомакот, грбот или препоните.
Ова се случува кога камењата почнуваат да се движат и се заглавуваат во уретрата, со тоа создавајќи притисок врз бубрезите. Како што се движи каменот, со него се движи и болката од грбот кон препоните.
Промени во урината
Постојат неколку промени во урината предизвикани од камења во бубрезите:
- Кога камењата ќе стигнат до мочниот меур, можно е да чувствувате постојана потреба за уринирање. Може да се појават и болка и печење додека уринирате.
- Може да се намали количеството урина, поради камењата што се заглавени во уретрата. Во некои случаи, камењата можат и целосно да го блокираат дотокот.
- Понекогаш се појавува и крв во урината, поради камењата во уринарниот тракт.
Треска
Високата температура може да биде симптом за инфекција во уринарниот тракт или бубрезите.
Гадење
Обично гадењето е придружено и со повраќање. Овој симптом се појавува поради тоа што бубрезите и стомакот делат исти нерви.
Замор и слабост
Кога имате камења во бубрезите, нивната функција се намалува. Поради ова, во организмот започнува акумулирање на токсини.
Во овој случај можно е да се чувствувате изморено и слабо.
Кои луѓе се изложени на ризик?
Постојат неколку фактори што влијаат врз појавата на камења во бубрезите и поради нив, некои луѓе се изложени на поголем ризик.
- Не пиете доволно вода
- Наследен фактор
- Јадете многу шеќер, натриум и протеини
- Земате додатоци во исхраната со витамин Д и калциум
- Имате прекумерна тежина
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





