Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто да јадеме суво овошје?

zosto-da-jadete-suvo-ovosje-povekjeИако на многумина не им е привлечно како свежото овошје, сувото овошје има свои предности. Тоа преставува исклучителен извор на енергија, која на...

 

...телото секогаш му е потребна. Сувото овошје може да се подели во две групи- месасто и суво овошје.  Доколку внатрешниот дел е сочен како и надворешниот кога овошјето е зрело, таквото овошје се става во групата на месасто и свежо овошје.

zosto-da-jadete-suvo-ovosje

Од друга страна, сувото овошје се одликува со надворешен и внатрешен дел „без вода“ и не е сочно.

Во бројни истражувања откриено е дека сувото овошје се одликува со карактеристики кои можат позитивно да делуваат на здравите луѓе.

Освен тоа, исклучително е богато со хранливи материи и преставува добар енергетски извор. Со еден збор, сувото овошје преставува природа во мало.

Значење на сувото овошје

За да се одржи доброто здравје неопходно е да се придржуваме на одредени правила кои вклучуваат здрава исхрана, редовно спортување и редовен и продуктивен сексуален живот.

Сувото овошје во себе содржи голема количина важни хранливи состојки и тоа во адекватни количини.

Само сувото овошје е природен и богат извор на минерали, витамини и ензими. Лесно се вари и има голем удел во прочистувањето на крвта, како и на целиот систем за варење. Значи, предностите се повеќекратни.

Оние кои консумираат секојдневно суво овошје имаат добро здравје. Уште една позитивна страна на сувото овошје е тоа што може да се употреби при лечење на заболувања чија главна причина е внесување на неприродна и обработена храна.

И покрај својата минијатурност, оревите и сувото грозје, на пример, не’ снабдуваат со голема количина енергија.

Најбогато суво овошје

Сувото грозје, односно „смалена“ верзија на свежото грозје се препорачува поради исклучително големата хранлива вредност, го забрзува опоравувањето од некои заболувања, а помага и при состојби на голема исцрпеност, преоптеретеност како и при проблеми со системот за варење. Се смета дека сувото грозје го подобрува сексуалниот нагон.

Урмите преставуваат многу хранливо овошје. Содржат природен шекер во облик на глукоза и фруктоза. Сомелените суви урми потопени во вода во која стоеле цела ноќ се добар лек за да се зајакне срцето и неговите витални функции. Урмите се и многу ефикасен природен лек за мамурлак.

Бадемите се овошје со висока калорична вредност. Бадемовото млеко е најздравата варијанта на бадемот бидејќи има многу повеќе предности и е поздраво од кравјото млеко. Многу полесно се вари и се препорачува за бебиња на кои кравјото млеко на прв вкус нема да им се допадне.

Потсетуваме дека покрај наведеното суво овошје во исхраната треба да се користат и сувите сливи, сувите кајсии и сувите смокви.

Би можело да ве интересира:

Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
„Кои мои навики мислев дека се нормални, а всушност биле симптоми на АДХД?“ „Ќе кажам само: чувствителност на одбивање и критики. Не знаев дека не сите луѓе...
Хронична вагинална болка – што треба да знаете за вулводинија и кога да се консултирате со лекар? Хроничната вагинална болка се нарекува вулводинија и иако не е позната точната п...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман? Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за в...
10 трикови со кои брзо ќе ја смирите анксиозноста, според психолог Потпевнувајте некоја мелодија или нежно масирајте ја вилицата за да ги релаксира...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg