Навидум безопасни проблеми со женското здравје што не треба да ги игнорирате

Дали некогаш чувствувате чешање на интимната област? Дали некогаш чувствувате болка и непријатен мирис за време на сексуалниот однос?

navidum-bezopasni-problemi-so-zhenskoto-zdravje-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-01.jpg

Овие појави се јасен знак дека нешто не е во ред. Иако можеби во тој момент ви изгледаат безопасно, најдобро би било да не ги игнорирате.

Ова не значи дека секој од овие знаци укажува на нешто сериозно. Едноставно, добро е да се грижите за интимното здравје со цел навреме да ги спречите несаканите проблеми.

Чешање

Сувата кожа во пределот на вагината може да бие предизвикана од разни фактори. Долната облека, алергиската реакција на гел за туширање и габичните инфекции се само некои од причините за чешање.

Доколку чешањето не престане после неколку дена, а кожата е поцрвена од вообичаено, најдобро е да одите на гинеколог.

navidum-bezopasni-problemi-so-zhenskoto-zdravje-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-02.jpg

Бели мозолчиња

Белите мозолчиња на интимната област не треба да се игнорираат. Понекогаш тие се знак за херпес, а во овој случај никако не смеете да имате секс, дури ни со кондом.

Печење за време на мокрење

Најчесто ова е симптом за воспален мочен меур, но за да бидете безбедни, одете на лекар.

Воспалението на мочниот меур е бактериска болест која треба да се третира со лекови.

navidum-bezopasni-problemi-so-zhenskoto-zdravje-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-03.jpg

Чуден мирис

Доколку сте забележале непријатен мирис, сличен на риба, тоа може да биде знак за бактериска инфекција на вагината.

Овие инфекции можат да настанат од предолгото носење тампон, пречесто туширање, пушење, па дури и од премногу секс.

И во овој случај, гинекологот најдобро ќе знае што да правите.

Исцедок

Вагиналниот исцедок е нормална појава и може да биде густ, редок, проѕирен и млечно-бел. На овој начин вагината се чисти и ја одржува својата рН вредност.

Но, доколку исцедокот личи на свежо сирење или ви изгледа необично, тогаш најверојатно постои некаков проблем. Тоа може да биде габична инфекција, но причина можат да бидат и некои лекови, нарушувања или стрес.

Доколку исцедокот е зелен или жолт, тогаш може да станува збор за нешто посериозно, како кламидија или гонореја. Во овој случај, веднаш одете на лекар.

navidum-bezopasni-problemi-so-zhenskoto-zdravje-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-04.jpg

Крвавење

Доколку краварите кога немате менструација, не игнорирајте го тоа. Крвавењето може да биде знак за хормонално нарушување, а може да биде предизвикано и од контрацепциски таблети.

Доколку забележите крв за време на секс, може да станува збор за вирус или проблем со слузокожата.

Сувост

Кога вагината е сува, сексот може да биде навистина болен.

Сувоста најчесто ес појавува во менопаузата, после породување, поради хормонална нерамнотежа и хемотерапија.

Доколку често имате проблем со сува вагина, најдобро е да го посетите вашиот гинеколог.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Што открива бојата (и текстурата) на семената течност за вашето здравје? Додека е нормално семената течност некогаш да има бледожолта нијанса, ако ова тр...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg