Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да останете фит за време на новогодишните празници?

Следува периодот кога цел наш распоред ќе биде исполнет со семејни ручеци, празници, прослави со пријатели и многу храна. Во овој период дури и оние „најдисциплинираните“ наоѓаат потешкотии како да останат фит.

kako-da-ostanete-fit-za-vreme-na-novogodisnite-praznici+01.jpg

Оваа година со наша помош можете да ги промените „нездравите“ навики кои сите ние ги практикуваме за време на празниците и да се обидете да останете во „форма“, за подоцна да не наоѓате оправдување во нив за вашата зголемена килажа.

За вас издвоивме неколку совети кои се надеваме дека ќе ви бидат од корист.

Во продолжение послужете се со нашите совети како да останете фит за време на новогодишните празници:

Пијте многу вода

Хидратацијата е многу важна за баланс во нашето тело, а токму неа најчесто ја запоставуваме за време на празниците. Обично водата ја заменуваме за сокови и алкохол кои подоцна се одразуваат драстично врз нашата килажа.

Исто така можете да се послужите со еден мал „трик“, да пиете една голема чаша вода пред секој оброк. Ова ќе ви помогне да го намалите чувството на глад и ќе изедете многу помалку од вообичаено.

Кардио, кардио, кардио

Најдобриот начин за да се справите со „тешките“ оброци за време на празниците е вежбањето. Но, не било кое вежбање, туку кардио. Неговата предност е тоа што можете да го правите секаде и не ви требаат повеќе од 25 минути за добро кардио.

Не наоѓајте изговор дека е период на празници и дека треба да заборавите на вашето здравје. Уживајте во празниците, но не заборавајте на овој доста важен фактор кој ќе ви помогне да ја одржите дотогашната килажа.

Спијте најмалку 8 часа

Сонот е многу важен за добра функција на телото, а воедно и еден од наједноставните начини како да останете фит за време на празниците. Затоа направете си распоред и не си дозволувајте да помине ноќ со помалку од 8 часа добар сон.

Дури и кога ноќта ќе биде „бурна“ и ќе си легнете во 4 или 5 наутро, не заборавајте на ова важно и едноставно правило.

kako-da-ostanete-fit-za-vreme-na-novogodisnite-praznici+02.jpg

Ограничувајте ги оброците

Не си дозволувајте да се прејадувате само затоа што се празници. Јадете умерено како и секогаш, па речиси нема ни да забележите некоја драстична промена врз вашата килажа.

Пешачете

Секогаш одбирајте да пешачите и не само во сезоната на новогодишните празници, туку секогаш. Пешачењето е многу подобар и поздрав избор за вашето здравје и има двострани бенефиции. Од една страна е добро за вашето здравје, а од друга страна е добро за вашата „линија“.

И се разбира не заборавајте да уживате!

Не заборавајте да уживате во оваа преубава празнична сезона. Па и да се „поправите“ неколку килограми немојте да си земате „при срце“, најважно и пред сѐ е вашето ментално здравје.

А и дали воопшто е празник ако не се почастите со некое слатко задоволство? Затоа уживајте и бидете среќни!

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман? Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за в...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg