Проверете го здравјето на вашето срце за само 30 секунди

Знаевте ли дека нашето срце е толку моќно, што тоа продолжува да чука дури и откако ќе се извади од телото?

proverete-go-zdravjeto-na-vasheto-srce-za-samo-30-sekundi-01.jpg

Сепак, ова не значи дека треба да ја занемарите грижата за еден од најважните органи во вашето тело.

Добро е редовно да ја проверувате состојбата на вашето срце, но нема потреба претерано често да одите на лекар.

Постои едноставен трик со кој ќе го проверите здравјето на вашето срце, а ќе ви одземе само 30 секунди:

Прв чекор

Ставете многу студена вода во сад во којшто ќе ви ги собере двете дланки. Можете да ставите и малку мраз за да ја разладите водата.

proverete-go-zdravjeto-na-vasheto-srce-za-samo-30-sekundi-02.jpg

Втор чекор

Ставете ги дланките во водата и држете ги внатре 30 секунди. Ова ќе ви покаже како реагира вашата крв кога е во допир со студено.

proverete-go-zdravjeto-na-vasheto-srce-za-samo-30-sekundi-03.jpg

На крај, можете да добиете 2 резултати:

Поцрвенети прсти

Доколку после 30 секунди вашите прсти се црвени, ова се добри вести. Тоа значи дека немате никаков проблем со оксигенацијата на крвта, а срцето и циркулацијата се во ред.

proverete-go-zdravjeto-na-vasheto-srce-za-samo-30-sekundi-04.jpg

Побелени или помодрени прсти

Ако забележите дека вашите прсти се побелени или модри, тогаш најверојатно имате проблеми со циркулацијата. Најчесто ова се случува бидејќи во црвените крвни зрнца има малку кислород.

Во овој случај, масирајте ги и стоплете ги прстите.

Ако забележувате и симптоми како испрекинато дишење, треска, главоболка, болка во градите, потење, вртоглавица или губење свест, веднаш одете на лекар.

proverete-go-zdravjeto-na-vasheto-srce-za-samo-30-sekundi-05.jpg

Храна што го подобрува здравјето на срцето

Можете да го подобрите здравјето на вашето срце ако почесто ги консумирате следниве продукти:

- Лук: Го намалува крвниот притисок

- Темно чоколадо: Го нормализира крвниот притисок и го намалува ризикот од воспаленија

- Цимет: Го намалува ризикот од срцеви заболувања и атеросклероза

- Авокадо: Го намалува нивото на „лошиот“ холестерол и помага во чистењето на артериите

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg