Едноставни трикови како да го спречите ширењето на грипот и настинките

Како настинките и вирусите да не си ги префрлате низ дома, од еден на друг, за цела зима да не ја прележите?

ednostavni-trikovi-kako-da-go-sprecite-shirenjeto-na-gripot-i-nastinkite-01.jpg

За да го спречите ширењето на вирусите низ дома и на домашните, хигиената е од клучно значење.

Овие трикови и совети ќе ви помогнат да останете здрави:

Прво решение - марамче

Со марамче прекријте ги устата и носот кога кивате и кашлате. На тој начин ги намалувате шансите да ги пренесете заразите и бактериите. Научете ги и децата секогаш при рака да имаат марамче.

Второ решение – чистење на површините

Кога некој дома е болен, малку набијте го распоредот на чистење, посебно на рачките на вратите, телефоните, далечинското...

ednostavni-trikovi-kako-da-go-sprecite-shirenjeto-na-gripot-i-nastinkite-02.jpg

Трето решение – секој да користи сопствен пешкир

Наместо да се бришете од еден ист пешкир, поставете по еден за секој член од семејството.

Четврто решение – често проветрувајте

Што почесто го отворате прозорот и ја проветрите просторијата, толку помали се шансите заразите да останат во неа.

ednostavni-trikovi-kako-da-go-sprecite-shirenjeto-na-gripot-i-nastinkite-03.jpg

Петто решение – ароматерапија

Може да поставите мирисна ламба во која ќе капнете неколку капки етерично масло со антибактериско дејство.

Шесто решение – јадете овошје и зеленчук

Ова нема да го спречи раширувањето на вирусите, но ќе го зајакне вашиот имунолошки систем.

Секогаш при рака имајте лук, лимон и портокал, ѓумбир и домати. Тие се одлични природни извори на витамини кои ви помагаат успешно да се изборите против настинките и вирусите.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...
Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg