Зошто кламидијата е една од најопасните полово преносливи болести?

Кламидијата е нарекувана и „тивок убиец“, а изгледа има причина за тоа – едно истражување покажало зошто всушност оваа болест е толку опасна.

zoshto-klamidijata-e-edna-od-najopasnite-polovo-prenoslivi-bolesti-01.jpg

Последното истражување на Американскиот центар за контрола на болести покажа дека само во САД, 1 од 100 личности ја има оваа полово пренослива болест. Со други зборови, над 1,8 милиони луѓе во САД имаат кламидија.

Уште позагрижувачки е фактот што од сите заболени, дури 400.000 најверојатно не се свесни дека ја имаат болеста, па на тој начин ја пренесуваат на своите партнери.

zoshto-klamidijata-e-edna-od-najopasnite-polovo-prenoslivi-bolesti-02.jpg

Важно е да се напомени дека заразените не се виновни за ширењето на болеста, бидејќи кламидијата нема ниту еден симптом што ќе ве натера да се проверите.

„И кај двата пола, кламидијата може, но и не мора, да предизвика намалено ниво на енергија, како и болки, особено за време на уринирање. Но, тешко е да се одреди како ќе се манифестира кај секој бидејќи ниту еден симптом не е исклучиво од кламидија, ниту пак е јасен показател дека ја имате болеста“, вели Мери Џејн Минкин, професорка на Јејл.

Кламидијата е една од најчестите полово преносливи болести и е многу почеста кај жените.

zoshto-klamidijata-e-edna-od-najopasnite-polovo-prenoslivi-bolesti-03.jpg

Болеста се пренесува преку вагинален, анален, но и орален секс. Иако многу ретко, личноста може да се зарази со кламидија ако бактеријата дојде до контакт со очите.

Кламидијата не се пренесува преку обичен допир, па не можете да ја „закачите“ со делење пијалаци или храна, бакнување, држење раце, прегратка, кашлање, кивање или од тоалет.

Користењето кондоми е најдобрата заштита од инфекцијата.

zoshto-klamidijata-e-edna-od-najopasnite-polovo-prenoslivi-bolesti-04.jpg

Доколку не се лекува навреме, болеста може да предизвика многу проблеми, како инфекција на уретрата, вагината и грлото на матката. Истовремено, кламидијата може да влијае и врз плодноста, и кај мажите, и кај жените.

Кламидијата може да предизвика и воспаление на внатрешните полови органи, кое е навистина болно.

За среќа, вашиот лекар може да ви направи тест со кој ќе се утврди дали ја имате болеста. А, откако ќе се открие, кламидијата се лекува со антибиотици.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
6 симптоми за проблеми со срцето кои не се поврзани со градите Вртоглавицата и ненадејната силна главоболка можат да бидат знак за проблем со с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg