Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најдобра исхрана за успешно ин витро оплодување: паровите кои сакаат дете треба да ја следат медитеранската диета

Медитеранската исхрана ги зголемува шансите за успешно ин витро оплодување и до три пати.

Najdobra-ishrana-za-uspesno-in-vitro-oploduvanje-01.jpg

Светските истражувања покажуваат дека летниот период и медитеранската исхрана ги зголемуваат шансите за успешно ин витро оплодување и до три пати.

Затоа голем број од докторите ги потсетуваат паровите коишто сакаат на овој начин да зачнат, дека токму во овој период од годината треба и самите да влијаат на нивните шанси да станат родители.

„Пациентите можат двојно да влијаат на подобрувањето на предусловите за успешно ин витро оплодување, бидејќи од една страна можат да ги елиминираат штетните фактори и навики како што се стресот, пушењето и алкохолот, а од друга страна со здравиот животен стил и посебната исхрана ќе може да влијаат на значително подобрување на состојбата на организмот.“ – вели проф. Д-р Слободан Радуловиќ, стручно лице од полето на репродуктивното здравје.

Дека исхраната има големо влијание во процесот на ин витро оплодувањето, потврдува и едно од досега најголемите истражувања спроведени на Харвард, во кое во текот на повеќе години учествувале околу 18.000 парови.

Истражувањето покажало дека со промена на пет или повеќе навики коишто се однесуваат на исхраната и вежбањето, жените коишто имале проблем со овулација, а која е причина за 18% до 30% од стерилитетот, го намалиле ризикот од неплодност за дури 80%.

Студијата која е направена во женската болница во Ливерпул покажала дека шансите за затруднување со ин витро се дури три пати поголеми во летниот период, во однос на зимскиот период, бидејќи на жените им требаат помалку лекови за поттикнување на овулацијата.

Покрај ова, докторите откриле дека во текот на сончевите месеци хормонот мелатонин, кој влијае на сонот, има големо влијание и на плодноста на жените.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 симптоми на инфаркт за кои жените треба да бидат свесни Постои разлика меѓу симптомите на инфаркт што ги чувствуваат мажите и жените. И,...
11 совети кои докторите би сакале да ги знаете (и послушате) „Внимавајте на килограмите. Грижата за физичкото, менталното и емоционалното здр...
Дали вегетаријанскиот начин на исхрана е безбеден за деца (и како да го примените)? Ако од кои било причини одлучите вашето дете да следи вегетаријански начин на ис...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Работи што ортопедите никогаш не би ги направиле (а не треба ни вие) Трчање со несоодветни патики, одење боси низ хотелска соба – со кои грешки си го...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg