Зошто денот треба да ви почнува и завршува со музика?

Музиката најчесто ја користиме од забавен карактер или, поточно кажано, сите сакаме да играме и да се веселиме на неа.

koi-se-zdravstvenite-pridobivki-od-slusanjeto-muzika-01 (1).jpg

Во последниве неколку години, многу истражувања ширум светот имаат докажано дека од музиката има и многу здравствени придобивки, за кои и не сме свесни.

Ја слушаме секојдневно, а не знаеме дека таа всушност многу влијае врз нашето расположение, па дури и добриот сон. А, оние кои не го поминуваат денот со музика, време е да размислат да го променат тоа. 

Кои се здравствените придобивки од слушањето музика?

Намалува стрес

Слушањето каква било музика го намалува стресот, а особено музиката со бавно темпо и бавен ритам. Музиката делува релаксирачки на нас, а дури се верува и дека таа може да го намали ризикот од депресија. 

Го подобрува сонот

Многу луѓе страдаат од несоница, а еден од наједноставните начини да пробате да се ослободите од неа е слушањето музика.

Доколку го имате овој проблем или, пак, сличен на него, се препорачува да слушате класична музика пред да заспиете.

koi-se-zdravstvenite-pridobivki-od-slusanjeto-muzika-02.jpg

Го подобрува и расположението

Една од главните причини зошто луѓето обожаваат да слушаат музика е затоа што таа го подобрува нивното расположение.

Музиката може да ги регулира емоциите и да ви даде нова перспектива за проблемите со кои се соочувате во тој момент, па не се двоумете и започнете го секој ден со музика. 

Подобра меморија

Истражувањата имаат покажано дека ритамот и мелодијата му помагаат на нашиот мозок да „вежба“ и да го зголеми капацитетот на нашата меморија.

Луѓето кои доживеале мозочен удар, многу полесно закрепнале доколку во нивната терапија била внесена и музиката.

koi-se-zdravstvenite-pridobivki-od-slusanjeto-muzika-03.jpg

Зголемена мотивација

Кога станува збор за мотивација, овде не спаѓаат оние „релаксирачки“ и „бавни“ песни, туку оние со брз ритам. Музиката може да ја зголеми мотивацијата исто колку и добрата книга.

На крај, можеме да заклучиме дека музиката влијае врз нашите мисли, однесување, расположение и чувства. На некој начин, таа влијае и врз нашиот однос со другите луѓе.

Музичката терапија е многу често употребувана кај луѓе кои се соочуваат со емоционални растројства и психолошки проблеми, па зошто некогаш да не ѝ дадете шанса како „лек“?

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg