4 причини зошто се дебелеете кои немаат никаква врска со исхраната

Познато ни е дека вишокот на килограми може да биде последица од прекумерно седење, прејадување, стрес или пак врз него да имаат влијание наследни, генетски фактори. Меѓутоа мошне значајна улога во тежината играат и хормоните одговорни за метаболизмот.

4-prichini-zosto-se-debeleete-koi-nemaat-vrska-so-ishranata-01.jpg

Доколку ги намаливте порциите, ја зголемивте физичката активност, а и понатаму не гледате никакви резултати во однос на губењето на килограмите, тогаш треба да се замислите.

Постојат 4 хормонски причини кои се одговорни за прекумерната тежина која нема никаква врска со исхраната:

1. Надбубрежната жлезда како причина за дебелина

Надбубрежните жлезди учествуваат во реакцијата на телото „бори се или бегај“ како директен одговор на стресот. Доколку организмот честопати се наоѓа во стресни ситуации, тоа може да доведе до хормонална нерамнотежа, што резултира во нарушување на различните функции на организмот.

Надбубрежните жлезди го ослободуваат и хормонот на стрес наречен кортизол. Високото ниво на кортизол предизвикува дебелеење во средниот дел од телото или т.н. „кортизолски стомак“.

Симптоми на надбубрежна дисфункција:

  • Масни наслаги во пределот на абдоменот и половината;
  • Полничко лице и врат и релативно тенки раце и нозе;
  • Висок крвен притисок;
  • Висок шеќер во крвта, слабост на мускулите, промени во расположението.

Доколку се сомневате дека проблемот со вишокот на килограми е поврзан со функцијата на надбубрежните жлезди консултирајте се со вашиот лекар и пронајдете начин да го намалите нивото на стрес во животот, на пример со физичка активност – најдобро со медитација или јога.

4-prichini-zosto-se-debeleete-koi-nemaat-vrska-so-ishranata (1).jpg

2. Зголемување на телесната тежина поврзана со црниот дроб

Црниот дроб е еден од најбитните органи одговорни за целокупното здравје на организмот. Поради нарушената функција на црниот дроб, маснотиите се акумулираат генерално во абдоменот.

Како последица на ова може да се појават следниве проблеми:

  • Зголемен шеќер во крвта;
  • Висок крвен притисок и холестерол;
  • Болка во зглобовите, алергии и проблеми со кожата.

Доколку забележите дека сте необично подуени и се дебелеете исклучиво во стомакот, но не сте го смениле менито и се храните релативно добро и здраво - консултирајте се со доктор. Ова може да се должи на нередовна или неефикасна функција на црниот дроб.

4-prichini-zosto-se-debeleete-koi-nemaat-vrska-so-ishranata (2).jpg

3. Нарушувања на работата на тироидната жлезда предизвикува дебелина

Штитната или тироидната жлезда го регулира метаболизмот на сите останати ткива. Кога тироидната жлезда не е доволно активна, тежината се зголемува, дури и кога калорискиот внес е намален на дневно ниво.

Симптоми на намалена активност на тироидната жлезда се следните:

  • Мускулна слабост и сува кожа;
  • Постојан замор и зголемување на телесната тежина;
  • Опаѓање на косата;
  • Бавен пулс.

За да може навремено да откриете дисфункција на тироидната жлезда и со цел да се преземат мерки за нејзиното лекување, потребни се редовни прегледи кај ендокринолог.

4-prichini-zosto-se-debeleete-koi-nemaat-vrska-so-ishranata (3).jpg

4. Зголемување на телесната тежина поради нарушена функција на јајниците

Ова е типична причина за здебелување кај жените кои имаат хормонален дисбаланс. Сите јаглехидрати кои ги консумира лицето се претвораат во масти и се складираат во телото.

Без разлика колку добро се хранат ваквиот тип на жени, тие секогаш ќе имаат вишок на килограми, односно поголема тежина.

Симптоми на нарушување на работата на јајниците:

  • Зголемување на телесната тежина дури и покрај диетата и физичката активност;
  • Прекумерна желба за слатки и млечни производи;
  • Складирање на мастите и дебелеење во долниот дел од телото;
  • Болка во јајниците.

4-prichini-zosto-se-debeleete-koi-nemaat-vrska-so-ishranata (4).jpg

Се разбира, постојат и многу повеќе причини за вишокот на килограми неповрзани со исхраната. Доколку килограмите започнале да се качуваат наеднаш и покрај тоа што не сте смениле ништо драстично во поглед на режимот на исхрана или пак доколку сте на диета и имате физичка активност, а сепак не успевате да симнете ниту грам - не заборавајте да се консултирате со лекар!

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар - Што означува CRP во крвната... Нивото на CRP може да укаже дали имате инфекција во телото, а кај повозрасните л...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg