Основни совети кои треба да ги следите за заштита од Корона вирусот

2765 луѓе починаа од Корона вирусот досега,  a иако 30.192 луѓе успешно се изборија со вирусот, сепак, добро би било да почнете да ги следите основните правила за заштита.

osnovni-soveti-koi-treba-da-gi-sledite-za-zashtita-od-korona-virusot-01.jpg

Светот е претпазлив, а вие вреди да бидете информирани барем за најосновното – што е, кои се симптомите, како се пренесува?

Секако, без паника, само бидете претпазливи.

Симптоми

Корона вирусот ги напаѓа горните дишни патишта и се манифестира со симптоми слични на настинка, а често се јавуваат и главоболки и зголемена температура која може да трае неколку дена.

Ризична група се лицата со послаб имунолошки систем, односно децата и повозрасните лица.

Со оглед на тоа што симптомите се како на настинка, консултирајте се со лекар, но не кревајте паника, сепак во голем дел случаи може да се работи за обична настинка.

shto-e-kako-se-poznava-i-prenesuva-korona-virusot-1.jpg

Како се пренесува?

Кога се работи за пренесување, за Корона вирусот е потребен контакт со заболено лице, како би се пренел.

Во зависност од тоа колку вирусот е агресивен, може да се пренесе преку секрет, односно преку кашлање и кивање, а дури и преку допир при ракување.

Вирусот може да се пренесе со допирање на предмети кои ги допрела инфицирана личност, посебно ако потоа ги допрете очите, носот или устата.

Зошто ризичните вируси најчесто потекнуваат од Кина?

Поради големиот број на луѓе кои живеат релативно близу до животни. И Корона вирусот има животинско потекло.

Се смета дека вирусот се проширил поради нелегално продавање на диви животни во Кина.

shto-e-kako-se-poznava-i-prenesuva-korona-virusot-2.jpg

Постои ли нешто што можеме да направиме за да се заштитиме?

Засега уште не постои вакцина против овој вирус, а основната хигиена е единствената која може да го намали ризикот.

Докторите се обидуваат да дадат подетални информации, но има уште да се проучува.

Работи кои може да ги направите за да се заштитите колку што е можно повеќе:

shto-e-kako-se-poznava-i-prenesuva-korona-virusot-3.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg