Знаци дека душата ви е уморна и ви треба одмор од сè

Чувствувате отапеност и повеќе не умеете да чувствувате ниту среќа, ниту тага... Едноставно не гледате светло на крајот од тунелот.

znaci-deka-dushata-vi-e-umorna-i-vi-treba-odmor-od-se-01.jpg

Животот е непредвидлив, како возење на ролеркостер. Во еден миг сте горе на небото, во наредниот миг сте ненадејно долу.

Која е најлошата работа? Тоа што не знаете кога сте горе, а кога сте долу... Животот не ве прашува како сте и не сопира кога сте во миг каде не можете да поднесете повеќе.

Денешното темпо е хаотично и навистина е тешко да се справите со лудилото. Без разлика колку сте силни, без разлика колку мислите дека имате контрола, тешко е затоа што реалноста е дека всушност никогаш немате контрола врз случувањата.

Затоа сè повеќе луѓе се „прегорени“, комплетно емоционално и ментално исцрпени. Одбиваме да признаеме дека не сме толку силни колку што мислиме и потфрламе во негата за себе.

Знаци дека душата ви е уморна:

- Немате мотивација, ниту инспирација, ниту сила да сторите нешто. Се чувствувате неспособни да завршите каква било работа. Соништата кои некогаш ги имавте повеќе не ви даваат сила за да продолжите понатаму.

- Ве иритираат и најмалите ситници и лесно може да бидете извадени од такт. Се чувствувате бескорисно и сте бесни на себе што немате енергија ниту да мрднете со прст.

- Имате тешки анксиозни напади, под стрес сте долго време и тој како да ве парализира. Своето добро не го ставате на прво место.

znaci-deka-dushata-vi-e-umorna-i-vi-treba-odmor-od-se-02.jpg

- Ви се плаче без причина и во одредени мигови чувствувате дека не постои нешто кое би можело да ве смири. Пречувствителни сте, беспомошни и тонете во солзи. Тоа е единствениот начин на кој можете да се справите со работите.

- Лошо ви е и телото само ви говори дека нешто не е во ред. Ова е сериозен сигнал кој не смеете да го игнорирате. Менталната исцрпеност се манифестира и физички.

- Имате проблем да заспиете навечер. Умот ви е во хаос и чувствувате како да сте во туѓо тело.

- Чувствувате отапеност и повеќе не умеете да чувствувате ниту среќа, ниту тага. Не чувствувате ништо и не гледате светло на крајот од тунелот. Повеќе не гледате надеж во утрешниот ден. Ова е сериозна фаза која не смеете да си ја дозволите.

Ако ги препознавате овие знаци кај себе, тогаш мора да си дадете време на себе, да си се ставите на прво место и да ја одморите вашата истоштена душа.

Паузирајте, дишете и повторувајте си дека „сè ќе биде во ред“... Си го должите тоа на себе.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...
Знаци (и здравствени проблеми) дека е редно да купите нов душек Секое утро се будите вкочанети и не се ни сеќавате кога последен пат сте го смен...
Шест знаци дека стареете побрзо отколку што треба (и зошто) Ако немате ни 40 години, а забележувате дамки од сонце на лицето, тоа значи дека...
Што НЕ треба да правите ако патувате за време на топлотен бран (за да не си го расипете одморот)? Со температури над 40 степени Целзиусови, поважно е да ви биде удобно и да не до...
Често се изолирате и уште седум знаци дека ќе ви годи разговор со терапевт Не можете да го контролирате гневот или, пак, само се соочувате со тешка животна...
Знаци дека можеби имате анксиозно нарушување (дури и ако не ви изгледа така) Сте доживеале голема животна промена со која тешко се справувате или, пак, забел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg