Најздравиот „природен антибиотик“ на сите времиња - 10 придобивки на ѓумбирот кои треба да ги знаете

Ѓумбирот, со сигурност е еден од најздравите (за многумина и највкусните) растенија, односно зачини на планетата.

Najzdraviot-priroden-antibiotik-na-site-vreminja-10-pridobivki-na-gjumbirot-koi-treba-da-gi-znaete 01 630x340.jpg

Исполнет е со хранливи материи и биоактивни соединенија кои имаат моќни придобивки за човечкото тело и мозок.

Луѓето го користеле ѓумбирот во својата исхрана и во улогата на лек уште од античко време.

Како што наведовме, тој е популарен како домашен лек за гадење, болка во стомакот и „природен антибиотик“ за ред други здравствени проблеми и неговите лековити својства се вреднуваат и се користат векови наназад.

Во продолжение ви претставуваме 10 придобивки на ѓумбирот и неговата улога во одржувањето на вашето здравје:

1. Ѓумбирот содржи ѓумбирол, супстанца со моќни лековити својства

Ѓумбирот е цветно растение кои потекнува од Азија. Припаѓа на Ѓумбировидната фамилија и е тесно поврзано со  кардамомот, куркумата и галангалот.

Подземниот дел од стеблото, односно ѓумбировиот корен е делот што најчесто се користи како зачин.

Ѓумбирот има многу долга историја на употреба во разни форми на традиционална/алтернативна медицина.

Користен е за помош во варењето на храната, за намалување на гадењето и за да помогне во борбата против грипот и обичната настинка.

Ѓумбирот може да се користи свеж, сушен, во прав, како масло или сок, а понекогаш се додава во преработена храна и козметика. Тој е навистина многу честа состојка во рецептите.

Уникатниот мирис и вкус на ѓумбирот потекнува од неговите природни масла, од кои најважен е ѓумнолот.

Ѓумнолот е главното биоактивно соединение во ѓумбирот, одговорно за голем дел од неговите лековити својства, кој поседува моќни антиинфламаторни и антиоксидативни ефекти.

Najzdraviot-priroden-antibiotik-na-site-vreminja-10-pridobivki-na-gjumbirot-koi-treba-da-gi-znaete 02 630x420.jpg

2. Ѓумбирот допринесува кон намалување на многуте форми на гадење, особено за таканаречената „утринска болест“

Ѓумбирот е познат како ефикасно оружје против гадењето. Познат е по неговата долга историја на употреба како лек за морска болест.

Ѓумбирот, исто така може да го намали гадењето и повраќањето по операцијата и кај пациенти со карцином кои се подложни на хемотерапија.

Но, можеби е најефикасен кога станува збор за гадењето поврзано со бременоста, како и „утринската болест“.

Според прегледот на 12 студии кои вклучиле вкупно 1.278 бремени жени, ѓумбирот значително ги намалил симптомите на гадење.

Иако ѓумбирот се смета за безбеден, во случај на бременост разговарајте со вашиот лекар пред самостојно да одлучите колку количински да внесете.

Najzdraviot-priroden-antibiotik-na-site-vreminja-10-pridobivki-na-gjumbirot-koi-treba-da-gi-znaete 03 630x473.jpg

3. Ѓумбирот може да ја намали болката во мускулите

Токму така, ѓумбирот е ефикасен  и против болки во мускулите предизвикани од вежбање.

Во една студија која претпочитала консумирање на 2 грама ѓумбир на ден, за 11 дена, болката кај луѓето кои изведувале вежби со лактот значително се намалила.

Ѓумбирот нема непосредно влијание, но може да биде ефикасен во намалувањето на секојдневната прогресија на болката во мускулите.

За овие ефекти се верува дека се посредувани од антиинфламаторните својства.

4. Антиинфламаторните ефекти можат да помогнат при остеоартритис

Остеоартритисот е чест здравствен проблем. Вклучува дегенерација на зглобовите во телото, што доведува до симптоми како болка во зглобовите и вкочанетост.

Во контролирано испитување на 247 лица со остеоартритис на коленото, оние кои земале екстракт од ѓумбир, имале помала болка и барале помалку лекови за болки.

Друга студија открила дека комбинацијата на ѓумбир, смоли, цимет и масло од сусам, може да ја намали болката и цврстината кај пациенти со остеоартритис.

Najzdraviot-priroden-antibiotik-na-site-vreminja-10-pridobivki-na-gjumbirot-koi-treba-da-gi-znaete 04 630x490.jpg

5. Ѓумбирот може драстично да ги намали шеќерите во крвта и да ги подобри факторите на ризик од срцево заболување

Оваа област на истражување е релативно нова, но ѓумбирот може да има моќни анти-дијабетични својства.

Во неодамнешната студија за 2018 година биле испитани 40 учесници со дијабетес тип 2. 

Само 2 грама прашок од ѓумбир на ден го намалиле шеќерот во крвта за 12 проценти.

Исто така, видливо е намалување од 23% на маркерите за оксидираните липопротеини, како едни од главните фактори на ризик за срцеви заболувања.

Najzdraviot-priroden-antibiotik-na-site-vreminja-10-pridobivki-na-gjumbirot-koi-treba-da-gi-znaete 05 630x350.jpg

6. Ѓумбирот може да помогне во лекувањето на хронично варење на храната

Хронична варење (диспепсија) се карактеризира со повторливи болки и непријатност во горниот дел на стомакот.

Се верува дека одложеното празнење на желудникот е главен двигател на варење.

Интересно е што се покажа дека ѓумбирот го забрзува празнењето на желудникот кај луѓе со оваа состојба.

Во една студија, откако испитаниците јаделе супа со зачини од ѓумбир, ѓумбирот го намалил времето што вообичаено му требало на стомакот за да се испразни, од 16 на 12 минути.

Najzdraviot-priroden-antibiotik-na-site-vreminja-10-pridobivki-na-gjumbirot-koi-treba-da-gi-znaete 06 630x420.jpg

7. Прашокот од ѓумбир може значително да ја намали менструалната болка

Менструална болка се однесува на болка почувствувана за време на менструалниот циклус на жената.

Една од традиционалните начини на употреба на ѓумбирот е за олеснување на болката, вклучувајќи ја и менструалната болка.

Во една студија, на 150 жени им било укажано да земаат 1 грам ѓумбир во прав на ден, во првите 3 дена од менструалниот период.

Ѓумбирот успеал да ја намали болката исто толку ефикасно како и лековите кои тие секој месец ги консумирале.

Najzdraviot-priroden-antibiotik-na-site-vreminja-10-pridobivki-na-gjumbirot-koi-treba-da-gi-znaete 07 630x315.jpg

8. Ѓумбирот може да ги намали нивоата на холестерол

Високите нивоа на липопротеини со ниска густина („лошиот“ холестерол) се поврзани со зголемен ризик од срцеви заболувања.

Храната што јадете може да има силно влијание врз нивото на вашиот холестерол.

Во 45-дневна студија на 85 лица со висок холестерол, 3 грама ѓумбир во прав предизвикале значителни намалувања на повеќето маркери на холестерол.

Najzdraviot-priroden-antibiotik-na-site-vreminja-10-pridobivki-na-gjumbirot-koi-treba-da-gi-znaete 08 630x331.jpg

9. Ѓумбирот содржи супстанција што може да помогне дури и во спречувањето на рак

Ракот е многу сериозна болест која се карактеризира со неконтролиран раст на абнормални клетки.

Екстрактот од ѓумбир се изучува како алтернативен третман за неколку форми на рак.

Антиканцерогените својства се припишуваат на 6-ѓумнол, супстанција која се наоѓа во големи количини на суровиот ѓумбир.

Во една студија изведена врз 30 лица, 2 грама екстракт од ѓумбир на ден значително ги намалиле проинфламаторните сигнални молекули во дебелото црево.

Постојат некои испитувања кои алудирааат на тоа дека ѓумбирот може да биде ефикасен против рак на панкреасот, рак на дојката и рак на јајниците, но за потврдување на овие „факти“, потребни се повеќе истражувања.

Najzdraviot-priroden-antibiotik-na-site-vreminja-10-pridobivki-na-gjumbirot-koi-treba-da-gi-znaete 09 630x420.jpg

10. Ѓумбирот може да ја подобри функцијата на мозокот и да биде „заштитник“ од Алцхајмерова болест

Оксидативниот стрес и хроничното воспаление можат да го забрзаат процесот на стареење.

За нив се верува дека се меѓу клучните двигатели на Алцхајмеровата болест и когнитивниот пад поврзан со возраста.

Некои студии сугерираат дека антиоксидантите и биоактивните соединенија во ѓумбирот можат да ги инхибираат воспалителните реакции што се случуваат во мозокот.

Исто така, постојат некои докази дека ѓумбирот може директно да ја подобри функцијата на мозокот.

Во една студија на 60 средовечни жени, екстрактот од ѓумбир се покажал дека го подобрува времето на реакција и работната меморија.

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Дали ишијасот е знак за сериозен проблем и колку долго трае болката? Оние кои имале ишијас ќе ви кажат дека во животот не почувствувале полоша и поси...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
Симптоми за рак на мочниот меур кои не треба да се игнорираат Крв во урината, како и болка во долниот дел од грбот се симптоми кои можат да би...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Дали ноќното потење е знак за сериозен проблем и кога треба да одите на лекар? Ноќното потење може да биде предизвикано од разни фактори, како менопауза или пи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg