Упатства од Кина за дезинфекција и чистење на домот

Србинката Јована Радовиќ живее во Пекинг и 47 дена биле во карантин. Ова е нејзиниот текст објавен на социјалните мрежи за тоа како најдобро да го заштитите домот и семејството – совет од надлежните институции во Кина.

upatstva-od-kina-za-dezinfekcija-i-cistenje-na-domot-01.jpg

1. Дезинфекција на обувките: средство за дезинфекција на база на хлор и вода, ставено во шише со распрскувач. Ова ни стои на влезната врата и ги прскаме чевлите пред да влеземе во домот.

2. Дезинфекција на облеката: јакните со кои одиме надвор ги чуваме исклучиво на тераса, по потреба ги прскаме со алкохол. Бидејќи се движиме само низ населбата каде нема заразени во домет од 2km, прскањето не е потребно, но нема штета. Останатите алишта ги перам исто како и секогаш, само со продолжено перење.

3. Дезинфекција за нас: Во Кина, маските беа задолжителни уште од почетокот на епидемијата. Надвор стоиме и се движиме на растојание, маската не ја допираме, лицето и очите никако.

4. Кога се враќаме од надвор: пред вратата ја прскаме облеката, влегуваме, ја соблекуваме јакната, миеме раце, носиме јакна на тераса, миеме раце, ја вадиме маската без да го допреме предниот дел, повторно ги миеме рацете и со алкохол ги бришеме клучевите и телефонот.

upatstva-od-kina-za-dezinfekcija-i-cistenje-na-domot-02.jpg

5. Купеното овошје и зеленчук кое се јаде свежо, прво го киснеме во раствор од сода бикарбона и оцет. Другото се готви добро и не јадеме меко варени јајца.

6. За чистење на домот исто користиме средство на база на хлор затоа што имаме плочки и ламинат, немаме теписи. Работните површини ги бришеме со алкохол, кујнската даска ја миеме редовно и добро и користиме различни даски за месо и зеленчук.

Можеби ви звучи комплицирано, но воопшто не е тешко. Кога ќе си го фатите редот, ќе ви биде како будење, миење и пиење кафе.

Е. П. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Дали ноќното потење е знак за сериозен проблем и кога треба да одите на лекар? Ноќното потење може да биде предизвикано од разни фактори, како менопауза или пи...
Предупредувачки симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар Многу силна главоболка која се појавила одеднаш, како и силна треска со температ...
Работи што треба да ги знаете за хемороидите, а за кои се срамите да прашате Помалите хемороиди поминуваат сами од себе за неколку дена, а можат да се јават ...
10 мали животни промени со кои ќе ги намалите симптомите на анксиозност Пијте чај од камилица, дишете длабоко и бидете што е можно поактивни – Некои нав...
Витамини и минерали што треба да ги внесувате уште сега, за да ги избегнете настинките во студените ... Сите знаеме дека витаминот Ц го зајакнува имунитетот, но кои други витамин и мин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg