Уф, ама ми се јаде!

uf-ama-mi-se-jade-povekjeПостојано сте гладни? Имате обичај да се прејадете? Кога ќе почнете да јадете, не престанувате и редовно јадете повеќе одошто навистина ви е...

 

...потребно (тоа го чувствувате по преоптеретениот желудник и по тоа што се дебелеете)?

Чувствувате неодолива потреба за скроб и колачи, постојано би ги јаделе и навистина ви е тешко да се воздржите?

uf-ama-mi-se-jade

Ако се препознавте во некое од наведените прашања, еве некои факти за апетитот кои би можеле да ви помогнат.

Знаеме дека веројатно живеете со брзо темпо, но обидете се за оброкот да одвоите време и да јадете полека. Секој оброк би требало да трае барем половина час.

Покрај тоа што џвакањето ќе ви помогне побргу да ја сварите храната, ќе чувствувате помала потреба за храна.

Зошто? Затоа што пораката за ситоста стигнува до мозокот дури по 20 минути - ако јадете брзо, ако ја „таманите“ храната, ќе изедете многу повеќе одошто ви е потребно додека вашиот мозок ја прати пораката за „доста“.

Обрнете внимание на тоа дека во организмот внесувате доволно витамини и минерали. Кога има недостаток, тоа може да предизвика претерана желба за храна.

Да речеме, ако не можете да им одолеете на колачите и скробот, можеби се работи за недостаток на витамин Б, а не не за недостаток на шеќер во организмот.

Меѓу природните извори на витамини од групата Б се житариците (цело зрно), пивскиот квасец, млекото, месото, рибата, пилешкото месо, лешникот, а, за фолна киселина (еден од витамините на Б групата) - спанаќот и брокулата.

Недостатокот на минералот хром, може да предизвика зголемена желба за колачи и скроб, бидејќи хромот го регулира лачењето на инсулин (хормон кој го регулира нивото на шеќерот во крвта).

Хромот можете лесно да го внесете во организмот и тоа во исто време со внесувањето на витамините од Б групата, бидејќи најмногу го има во пивскиот квасец и во интегралните житарици.

Значи, јадете слободно кога сте гладни, онолку колку што ви е потребно за да се заситите – но, забавете го темпото за да знаете кога треба да престанете и јадете „паметно“, за недостатокот на одредени витамини или минерали да не ве тера да јадете премногу.

Би можело да ве интересира:

Сѐ повеќе познати дами не носат градник: Кои се предностите на овој тренд, според докторка? Сè повеќе жени, особено познатите, одлучуваат да не носат градник кога излегуваа...
Зошто дланките ви се постојано студени (и како да ги стоплите во зима)? За да не ви бидат рацете постојано студени, избегнувајте тесна облека и чевли. З...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
8 промени на телото кои треба да ги очекувате по породувањето Паѓањето на косата, но и контракциите, се нормални промени кои се случуваат со ж...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Која храна да ја јадете, а која да ја избегнувате ако имате анемија? Додека храната богата со железо е одлична за лицата со анемија, постојат намирни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg