Како да престанете постојано да го допирате лицето?

И покрај тоа што се свесни за ширењето бактерии и разни микроорганизми, во просек, луѓето го допираат лицето 25 пати во еден час.

Go dopirame liceto 25 pati vo 60 minuti 01

Всушност, многу луѓе не се ни свесни дека постојано го допираат лицето. Доколку и вие го имате овој проблем, првиот чекор за надминување на лошата навика е да станете свесни за своето однесување.

Еве неколку трикови што можат да ви помогнат:

Пронајдете нова „занимација“

Кога сакате да се ослободите од некои лоши навики, најдобро е да ги замените со нови. Кога чувствувате потреба да го допрете лицето, наместо тоа, допрете ја раката или ногата.

Не ја занемарувајте потребата да го допрете лицето

Најлошото нешто што можете да го направите е да си повторувате дека не смеете да го допирате лицето. Ако го сторите тоа, желбата само ќе се зголеми.

Наместо тоа, станете свесни за вашата потреба и забележете ги моментите кога најчесто го допирате лицето. На пример, кога разговарате на мобилен телефон, кога читате или гледате телевизија.

Go dopirame liceto 25 pati vo 60 minuti 02

„Измамете“ го мозокот

Постојат неколку трикови што можете да ги користите за да го „измамите“ мозокот. На пример, луѓето што ги гризат ноктите честопати ги мијат рацете со сапуни кои имаат силен мирис што ги одвраќа. Некои жени ги лакираат ноктите со производи со лош вкус и слично.

Понекогаш, желбата да ги ставите рацете во уста ќе ја спречи и мрсниот крем за раце или фластер на прстот.

Ако, пак, ве зачеша нешто на лицето и не можете да го избегнете допирањето, најпрво измијте ги рацете со вода и сапун, па дури потоа допрете го лицето.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg