Како да останете психички здрави и смирени во овие тешки времиња?

Луѓето во сите делови на светот сега панично ги следат вестите, како би биле во тек со новитетите кои пристигнуваат од час во час.

kako-da-ostanete-psihicki-zdravi-i-smireni-vo-ovie-teski-vreminja-1.jpg

Но, плаши самиот збор корона вирус и наведува да купуваме вреќи брашно и брдо тоалет хартија.

Во тешкото време на лоши вести, како да останете малку по на страна и да не потпаднете психички на негативноста?

Како да останете психички здрави и смирени?

Проверувајте ги вестите во неколку интервали

Не го правете тоа во секоја минута, со нервозно рефреширање на страните или менување на каналите. Правете нешто што не е пасивно седење и слушање негативни вести.

Внимателно бирајте ги изворите

Имајте на ум дека не сите информации се точни, потврдени и филтрирани. Важно е да одредите кои медиуми имаат големи количини на дезинформации и да ги шкртнете.

Правете паузи во користењето на социјалните мрежи

Не читајте било што под хаштагот корона вирус. Најдобро е да правите паузи и да ги отследите луѓето и страните кои ви создаваат паника.

kako-da-ostanete-psihicki-zdravi-i-smireni-vo-ovie-teski-vreminja-2.jpg

Мијте ги рацете и одржувајте хигиена, но не одете во крајност

Постојаното повторување на фразата „мијте раце“ може да предизвика анксиозност  и паника. Не станувајте зависни од сапунот и средствата за дезинфекција. Тенка е границата помеѓу претпазливост и опсесивност.

Разговарајте со луѓе

Дури и да немате контакт лице в лице, не значи дека треба да ги прекинете сите пријателства и релации. Вклучете видео повик или едноставно јавете им се на луѓето кои ви недостасуваат.

Хранете се здраво

Не го полнете фрижидерот со конзервирана храна која само ви го напаѓа имунитетот. Цедете сокови, правете смути, пробувајте рецепти со свежи зеленчуци и правете колачиња од овошје – сега барем имате време за нив.

Практикувајте вдиши-издиши

Неколкупати во денот, направете пауза од 5 минути каде само ќе вдишувате и издижувате во тивка просторија. Ова не мора да е класична медитација, туку само чистење на негативните мисли од главата и концентрирање на најважното – дишењето.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Зошто се штетни високите триглицериди (и како да ги намалите)? За да избегнете проблеми со срцето поради високи триглицериди, треба да ги слуша...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg