Мажи, релаксирајте се!

mazi-relaksirajte-se-povekjeМногу мажи до таа мерка се соживеаа со лудото темпо на секојдневицата така што заборавија на деновите кога имаа малку време и за себе. Заради потребата...

 

...за постојано докажување, добра заработувачка, запознавање на што повеќе луѓе од деловното опкружување со кои можат да потпишат некој вносен договор, повеќе и не  размислуваат за тоа дека понекогаш треба да се успори и да се живее по некои други правила.

mazi-relaksirajte-se

Сепак, за да се опстане во таа луда животна трка, неопходно е да задоволат и некои  лични потреби. Кои на пример?

Не би било лошо своето време да го сметате како дел од некој обврска. Ако навистина сакате да имате свое слободно време, пред се морате да верувате дека тоа не е тешко да се оствари.

Не си поставувајте самите препреки, бидете позитивни и активни, нека тоа ви биде цел која е поврзна со работата - така и одговорноста ќе биде поголема а желбата да ја исполните посилна. Не е чудно ако мислите дека поголемиот дел од денот ви поминува на неважни ситници.

Земете лист хартија и на него десетина дена запишувајте се што сте работеле. Потоа направете добра анализа и отфрлете ги непотребните обврски во животот. Нема да ви недостасуваат!

Одморајте на „лажиче“. Нека бидат само петнаесетина минути првиот ден, па за неколку дена продолжете на половина час, подоцна и на цел час....

Правете така сè додека не си обезбедите нормален повеќечасовен одмор секој ден. Важно е само да заборавите на грижата на совест и да не ја усмерувате животната енергија исклучиво на работа.

Би можело да ве интересира:

Дали треба да пиете суплементи со витамин Д во есен и зима? Во постудените месеци, кога денот е пократок, минуваме помалку време на отворено...
„Подмолни“ симптоми на синдром на полицистични јајници што секоја жена треба да ги знае Дебелеењето и отежнатото слабеење, како и појавата на влакна на брадата и лицето...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Дали сите мажи (ќе) имаат зголемена простата + кои се симптомите? Не е познато што точно ја предизвикува зголемената простата, но факт е дека ова ...
Што треба, а што НЕ треба да правите ако често страдате од мигрена? Немојте да прескокнувате оброци, а ако сте склони кон мигрена, наоѓајте повеќе в...
Трендови за здравје од 2025-та кои не се баш здрави, според експерти Опседнати сте со внесот на протеини, пиете многу суплементи, пробувате да му нап...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg