Вирози и како да се заштитиме од нив - Има ли домашни производи со витамини за зголемување на имунитет?

Најсигурен начин за заштита од вирози се витамините и храната, односно внесувањето прехранбени производи богати со широк спектар витамини.

virozi-i-kako-da-se-zashttime-od-niv-ima-li-domashni-proizvodi-so-vitamini-za-zgolemuvanje-na-imunitet-01_630x340.jpg

Наспроти верувањето дека зимата, ладното време или пак премините од една во друга сезона се погодни за појава на вирусни инфекции, сепак вирусите се појавуваат, а подложноста на организмот зависи од тоа колку е отпорен и колку имуниот систем може да се избори со вирусите. Затоа секој докторски совет започнува и завршува со начинот на живот, навиките, изборот на прехранбени производи и внесувањето витамини.

Едноличната исхрана директно влијае на забавување на метаболизмот, но и до таложење на токсини кои може да станат товар за имуниот систем. Затоа е потребно подобрување на имунитетот со правилна и избалансирана исхрана.

А правилната исхрана за силен имунитет подразбира поголемо внесување овошје, зеленчук, протеини, витамини, а избегнување нездрави масти, шеќери, адитиви и вештачки вкусови. Едноличната исхрана може да доведе до тоа да во организмот недостигаат хранливи материи кои се неопходни за подигнување на имунитетот, а пред се витамините А, Д3, цела група Б витамини, Е, цинк, селен, фолна киселина. Затоа доколку не преферирате одредена храна, зеленчук или овошје, што ги содржи овие витамини и хранливи состојки, истите може да се внесат и преку готови производи кои ги консумираме секој ден и на тој начин да се надополни недостатокот. На нашиот пазар има доста домашни производи чиј состав е збогатен со витамини за зголемување на имунитетот. Има суплементи, но исто така бројни прехранбени производи најчесто лебови, специјални со чиа или хељда, какао и други напитоци, гранола плочки, бисквити, каде овие витамини се дел од производот и го збогатуваат составот. Тука може да се надополни и важноста од внесувањето млечни производи, затоа што преку пиење чаша млеко или јогурт како на пример Битолски јогурт со 10 витамини, во организмот се внесуваат протеини и витамини исто толку важни за зајакнување на имунитетот. Дополнителните витамини го поттикнуваат градењето силен имунитет и здрав организам.

А што значи паднат имунитет и зошто слабиот имунитет е толку опасен. Пад на имунитетот претставува намалување на способноста на организмот да се спротивстави на одредени инфекции, вируси и бактерии. Организмот е ослабен и нема веќе способност за неговите антитела да се изборат со надворешните причинители како што се вирусите, бактериите и токсините. Тоа доведува до изразени реакции на телото на инфекциите, што во некои случаи може да биде и сериозно.

Имунолошкиот систем го штити телото од разни причинители, а истиот се гради со исхрана богата со витамини, минерали, протеини.

Би можело да ве интересира:

12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
„40 дена пиев само сок од портокал и не јадев ништо - се чувствувам многу поздраво“ Жена од Австралија која 40 дена не консумирала ништо освен сок од портокал, вели...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg