Што да јадете во ресторани?

shto-da-jadete-vo-restorani-povekjeВнимавате на линијата, но ете, се случува друштвото да ве повика во италијански или француски ресторан. Во такви ресторани храната по правило...

 

...е одлична, но за жал – дебелее. Од друга страна глупаво е да порачате само некоја лесна салата, а и не ви се пропушта вкусната храна.

shto-da-jadete-vo-restorani

Што ќе каже вашата линија на тоа? Но, ако внимателно ги одберете оброците, ќе уживате во храната, а ќе ја задржите и линијата.

Еден од главните „напаѓачи“ на вашата линија се лепчињата и неодоливото француско пециво. Пробајте да се воздржите! Ако не можете, земете малку леб, варен ориз или компир или пак замолете го келнерот да не ви ја дополнува корпичката со леб.

Добра идеја е штом стигнете во ресторан, да порачате едно јадење или барем предјадење (се препорачува зелена салата или чорба од зеленчук), инаку лесно може да се случи да грицкате премногу леб додека чекате да ви стигне јадењето.

Пред јадење напијте се чаша вода, тоа ќе ја ублажи гладта. Што се однесува до пијалокот, ако земате нешто алкохолно, земете или вино или коктел – немојте двете работи.

Да се вратиме кај јадењето: кога порачувате предјадење, нека биде помала порција. Со многу јадења во италијанските ресторани одат тестенини – замолете да ви сервираат половина порција.

Како прилог, наместо полна порција тестенини, земете салата од зеленчук. Што се однесува до месото, пилешкото и рибата се најмалку калорични; преливот или сосот нека бидат сервирани од страна (преливите во ваквите ресторани се многу калорични, со нивното сервирање од страна самите ќе си одредите колку сос ќе земете) или јадењето прелијте го со лимунов сок.

Порциите во ваквите ресторани умеат да бидат многу обилни. Вам ќе ви биде жал така убаво (и не баш евтино) јадење да се фрли, па ќе изедете и повеќе одошто треба, па ќе се чувствувате како да следниот месец нема да можете уста да отворите.

Немојте така! Изедете онолку колку што навистина ви годи и замолете останатото да ви го спакуваат за дома. Не треба да се срамите тоа да го направите, тоа е сосема вообичаено и во најексклузивните ресторани.

Би можело да ве интересира:

Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Како да го дезинфицирате домот кога некој од семејството има грип? Откако болниот член на семејството ќе оздрави, препорачливо е да ги замените чет...
Шест физички симптоми на деменција (кои лесно се игнорираат) Промените во спиењето, како будење среде ноќ и месечарење, може да се знак за де...
Луѓе кои имале рак споделуваат кои симптоми посакуваат да не ги игнорирале „Ненадејно слабеење. Прво ми годеше, но набрзо сфатив дека е предупредувачки зна...
Дали хималајската сол е поздрава од готварската (и дали навистина има и до 84 минерали)? Изминативе неколку години, хималајската сол стана мошне популарна, најмногу биде...
Пет симптоми кои можат да бидат знак за проблеми со плодноста (и кога да одите на лекар) Нередовните менструации обично значат и нередовна овулација, а ова може значител...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg