Најштетните положби за спиење по човековото здравје - како спиете вие?

После долгиот, напорен ден единствено што сакаме е да се струполиме во креветот и да заспиеме слатко на перницата. Не секогаш размислуваме за тоа што му се случува на нашето тело додека спиеме.

Najshtetnite-polozbi-za-spienje-01.png

Можеби положбата која ни е омилена во текот на спиењето предизвикува значителна штета по нашето здравје? Кои се најштетните положби за спиење?

Поза ембрион

Многумина сакаат да заспијат свиткани како буквата „С“ или во ембрион поза, како мало бебе во стомакот на мајката. Оваа положба за спиење предизвикува сериозно искривување на ’рбетот, а затоа што лицето е делумно затворено во положбата, може да се јават и проблеми со дишењето.

Спиење на една страна

Спиењето исклучиво на левата страна го зголемува притисокот врз внатрешните органи. Тука спаѓаат срцето, црниот дроб, белите дробови и желудникот. Но, за бремените жени е покорисно да спијат на левата страна: оваа положба го подобрува протокот на крв и циркулацијата на хранливи материи кои влегуваат во ембрионот.

Спиење на една страна со испружени раце напред

Доколку спиете во оваа положба тогаш им создавате силен притисок на нервите на рамото, што може да доведе до привремена атрофија на мускулите во рамото и рацете. Кога ќе се разбудите ќе откриете дека рацете ви трнат и не си ги чувствувате.

Положба на морска ѕвезда

Многумина спијат на грб со раширени раце и нозе. Доколку рацете ви се постојано кренати додека спиете на грб, ова може да доведе до сериозна мускулна напнатост во рамениците. Исто така, во оваа положба може да се појави ’рчење, како и да се активира рефлексот на желудочни киселини кои полека ќе почнат да се креваат нагоре по дишникот.

На стомак

Не секој ужива во оваа положба, но има и многумина кои спијат исклучиво на стомакот. Оваа положба за спиење е дефинитивно штетна, особено доколку спиете долго време во истата - ’рбетот нема доволно поддршка кога спиете на стомак. Покрај тоа, во оваа положба вратот е постојано свртен на едната или другата страна, што дополнително предизвикува болки во истиот.

Кои положби за спиење се корисни?

Лекарите сметаат дека најкорисно е да легнете на грб во позиција на војник, односно со рацете добро испружени покрај телото (положба бр. 4).

Доколку мора да ја смените положбата, најдобро е да се свртите на една страна, но во истата поза – војник со рацете испружени покрај телото. Ова е добро е за грбот и вратот, а исто така го намалува и ризикот од апнеа – привремено нарушување на вентилацијата на белите дробови.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трик за спиење развиен во војска: Како да заспиете за 2 минути? Со работните, семејните и социјалните обврски, може да биде тешко да го смириме ...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg